еМагазин
Image default
Свет

ЦИА: Саудискиот принц Мохамед го нарачал убиството на Кашоги

Американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) смета дека наредбата за убиството на новинарот Џамал Кашоги во Истанбул ја издал саудискиот престолонаследник, принцот Мохамед бин Салман.

Како што тврди „Вашингтон пост“, повикувајќи се на анонимни извори, ЦИА до ваквиот заклучок дошла врз основа на сознанијата од повеќе извори на разузнавачките служби, вклучувајќи и од телефонските разговори на братот на престолонаследникот, принцот Халид бин Салман и на саудискиот амбасадор во САД со Кашоги, за кои сведочеле луѓе блиски до кралското семејство.

Според овие сведочења, принциот Халид му рекол на Кашоги дека треба да оди во Саудискиот генерален конзулат во Истанбул, каде што беше убиен, со цел да ги земе потребните документи за неговата венчавка, гарантирајќи му дека е безбеден.

Во реакција на ваквите тврдења, Саудиската амбасада во Вашингтон соопшти дека амбасадорот и Кашоги никогаш не разговарале за негово заминување во Турција, нагласувајќи дека сознанијата на ЦИА се лажни.

„И натаму слушаме различни теории без основа за таквите шпекулации“, изјави портпаролката на Саудиската амбасада во САД.

Сепак, според „Вашингтон Пост“, ЦИА е уверена дека нејзините сознанија се точни, истакнувајќи дека станува збор за „најконкретни докази досега“, кои го поврзуваат принцот Мохамед бин Салам со убиството на Кашоги.

Кашоги беше новинар на „Вашингтон Пост“, познат по своите критички текстови кон саудсикото кралско семејство. Тој беше убиен минатиот месец кога отиде во Саудискиот конзулат во Истанбул, со цел да ги обезбеди потребните документи за неговата венчавка со турска државјанка.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Страв во очите на синот на Кашоги при средбата со принцот на Саудиска Арабија

Познатиот новинар Џамал Кашоги убиен во конзулатот на Саудиска Арабија во Турција?

Господине Сулејман Реџепи, Алах не оправдува касапење на новинари

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нов биланс: Од коронавирусот во светот заразени 93.191, досега починале 3.203, а 50.984 лица оздравеле

Редакција

Бесплатни таблети калиум јодид за Романците во случај на нуклеарна несреќа

Редакција

Најлошото сценарио е тотална војна на Блискиот Исток

Редакција