еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Ципрас ја плати цената за Преспанскиот договор, судбината на Заев зависи од ЕУ?

Алексис Ципрас и неговата Сириза убедливо загубија на парламентарните избори што вчера се одржаа во Грција, а власта ја презема Киријакос Мицотакис и Нова Демократија. Несомнено, големо влијание врз изборниот резултат во Грција има и потпишувањето на Преспанскиот договор и храбриот чекор на Ципрас да најде решение за проблемот со името со нашата земја.

Со оглед на тоа што поразот на Ципрас и неговата Сириза доаѓа само една година по потпишувањето на Преспанскиот договор се наметнува прашањето каква судбина ги чека премиерот Зоран Заев и СДСМ.

Како и во Грција, така и во нашата земја Преспанскиот договор беше донесен против вољата на мнозинството граѓани, а потврда за тоа е референдумот за промена на името на кој не излегоа мнозинство од граѓаните потребни за да се исполни цензусот односно тој заврши неуспешно.

И покрај тоа, Заев одлучи да ја продолжи постапката за решение на проблемот со името, што резултира со потпишувањето на Преспанскиот договор.

Не треба да се заборави дека еден од главните адути на Заев во убедувањето на граѓанитеа полезноста на договорот беше дека тој ќе го отвори патот за почеток на преговори за зачленување на земјава во европската Унија.

Сепак, ЕУ и покрај ветувањата неодамна не и додели датум за преговори на земјата односно голем број од членките гласаа против продолжување на евроинтеграцискиот пат на Македонија, што предизвика силно разочарување кај македонските граѓани, но и кај владејачките структури.

Во текот на наредните месеци до октомври, кога ЕУ би требало повторно да се изјасни околу доделувањето на датумот за преговори за нашата земја ќе расте притисокот врз премиерот Зоран Заев и СДСМ поради неисполнетите ветувања кон граѓаните.

Извесно е дека доколку ЕУ и во октомври не ни додели преговори, тогаш тоа дефинитивно ќе значи дека Владата нема кредибилитет и дека ќе мора да се распишат избори на кои се големи шансите партиите од актуелната владејачка структура да загубат слично како Сириза и Ципрас во Грција.

Спротивно на тоа, ако нашата земја по некоја случајност навистина добие датум за преговори во октомври, тоа би било сигнал дека Владата на Заев ќе има големи шанси да преживее.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ципрас: Со крената глава ја прифаќаме одлуката на народот

„Мицотакис победи, на ред е МИЦКОтакис„: Твитер реакции за изборите во Грција

По победата на Мицотакис: Доаѓа ли време на заладување на грчко-македонските односи?

Заев: Договорот со Грција е праведен, верувам дека граѓаните ќе гласаат за европска Македонија

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа уште 14 лица од Ковид 19, од нив тројца во вонболнички услови

Редакција

Народна банка: Инфлацијата и натаму е висока и над историскиот просек

Редакција

СЗО за „продолжен ковид“: Замор, отежнато дишење, болка во градите, мускулна слабост

Редакција