еМагазин
Image default
Свет

Ципрас и Заев со празни раце: Денис Меквеги и Надја Мурад добитници на Нобеловата награда за мир

Доктор Денис Меквеги и Надја Мурад се овогодинешните лауреати на Нобеловата награда за мир поради нивните напори за запирање на користењето сексуално насилство како оружје во војните.

Нобеловиот комитет оцени дека докторот од Конго, Денис Меквеги е „најистакнатиот, најобединувачки симбол, на национално и на меѓународно ниво, во

борбата против сексуалното насилство во војна и

вооружени конфликти”.

Надја Мурад, член на малцинството Јазеиди во Ирак, беше заробена од „Исламска држава“ и постојано беше силувана и подложена на други злоупотреби. Комитетот вели дека покажала „нескротлива храброст во раскажувањето на сопственото страдање”.

Пред неколку дена грчката државна агенција АНА-МПА објави дека премиерите на Македонија, зоран Заев и на Грција, Алексис Ципрас се едни од најсериозните кандидати за оваа награда.

По првпат Нобеловата награда за мир е доделена во 1901 година на Жан-Анри Дјунан, Швајцарија и Фредерик Паси, Франција.

Нобеловата награда не е доделена за време на Првата и на Втората светска војна како и во 1955, 1956, 1966, 1967 и 1972 година.

Во изминатите 40 години лауреатите на Нобеловата награда за мир биле:

1977 г. – Амнести интернешнал

1978 г. – Менахем Бегин (Израел)

1979 г.- Mајка Тереза (Индија)

1980 г. – Адолфо Перес Ескивел (Аргентина)

1981 г. – УНХЦР

1982 г. – Алва Мјурдал (Шведска) и Алфонсо Гарсија Роблес (Мексико)

1983 г. – Лех Валенса (Полска)

1984 г. – Дезмонд Туту (Јужна Африка)

1985 г. – Лекари во светот за спречување нуклеарна војна (САД)

1986 г. – Ели Визел (САД)

1987 г. – Оскар Ариас Санчес (Костарика)

1988 г. – Меѓународни сили на ОН за поддршка на мирот

1989 г. – Далај лама

1990 г. – Михаил Сергеевич Горбачов (СССР)

1991 г. – Аун Сан Су Чи (Мијанмар)

1992 г. – Ригоберта Менчу (Гватемала)

1993 г. – Нелсон Мендела и Фредерик де Клерк (Јужна Африка)

1994 г. – Јасер Арафат (Палестина), Јицак Рабин и Шимон Перес (Израел)

1995 г. – Џоузеф Ротблат (Велика Британија) и Pugwash Conferences on Science and World Affairs (Канада)

1996 г. – Карлуш Белу и Жозе Рамуш-Хорта (Источен Тимор)

1997 г. – Меѓународна кампања за забрана на противпешадиски мини и Џоди Вилијамс (САД)

1998 г. – Џон Хјум (Ирска) и Дејвид Тримбал (Велика Британија)

1999 г. – Лекари без граници (Швајцарија)

2000 г. – Ким Дае-јунг (Република Кореја)

2001 г. – ОН и Кофи Анан (Гана)

2002 г. – Џими Картер (САД)

2003 г. – Ширин Ебади (Иран)

2004 г. – Вангари Мута Маатхај (Кенија)

2005 г. – МААЕ и Мохамед ел Барадеј (Египет)

2006 г. – Мухамед Јунус и банка за микрокредити Грамин банк (Бангладеш)

2007 г. – Меѓувладина експертска група на ОН за климатски промени и Ал Гор (САД)

2008 г. – Марти Ахтисари (Финска)

2009 г. – Барак Обама (САД)

2010 г. – Лју Сјаобо (Кина)

2011 г. – Елен Џонсон-Сарлијф и Лејма Гбоуи (Либерија), Тауакул Карман (Јемен)

2012 г. – ЕУ

2013 г. – Организација за забрана на хемиско оружје

2014 г. – Малала Јусуфзаи

2015 г. – Туниски квартет за национален дијалог

2016 г. – Хуан Мануел Сантос, претседател на Колумбија

2017 г. – Меѓународна кампања за забрана на нуклеарно оружје.

МИА/фото/насловна: Влада на РМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Германија замрзна имот на руски олигарси вреден околу 5,25 милијарди евра

Редакција

(Фото) Мерцедес автобуси за дигитална ковид вакцинација

Редакција

(ВО ЖИВО) Приврзаниците на Трамп упаднаа во Конгресот, во Вашингтон воведен полициски час

Редакција