еМагазин
Image default
Балкан

Препукувања на власта и опозицијата во Грција за одлуката Македонија да не добие датум

Во моментот кога ЕУ е соочена со последиците од трагичната одлука да не даде зелено светло за интегративен процес на Северна Македонија, Грција се чини дека е целосно отсутна од случувањата во нејзиното соседство, напиша на Фејсбук лидерот на СИРИЗА и поранешен премиер на Грција, Алексис Ципрас, коментирајќи ја позицијата на актуелната грчка влада и упатувајќи критики за пасивност и улога на статист во регионот, јави дописничката на МИА од Атина.

– На состанокот на Европскиот совет, (грчкиот премиер) тивко ги следеше Данска и Холандија да преговараат за иднината на Балканот. И сега со непријатност ја следи Италија, која предлага одново да започне пристапниот дијалог во ноември.

Сигурен сум, колку јавно и да го кажува крајно контрадикторното дека треба да го почитуваме штетниот договор, истовремено ќе моли во соседната земја да не победат повторно националистите и го оспорат, меѓу другото, „срамниот“ Договор од Преспа. Со овие работи, Грција за жал се враќа на улогата на статист во балканскиот регион. Малата Грција која ги следи иницијативите на трети, напиша Ципрас на Фејсбук.

Поранешниот грчки премиер додава дека надворешна политика не се води под страв од внатрешно партиските корелации.

Пецас: Грција ги собира скршените парчиња од надворешна политика на Ципрас, Коѕијас и Каменос

Грција ги собира скршените парчиња од надворешна политика на Ципрас, Коѕијас и Каменос, граѓаните знаат дека претходната влада, четири и пол години ја направи Грција статист во Европа, вели заменикот министер под премиерот и портпарол на грчката влада, Стелиос Пецас во писмената изјава – одговор на коментарот на Ципрас објавен на Фејсбук jави дописничката на МИА од Атина.

-Владата на Киријакос Мицотакис реагираше многу брзо за да ги заштити националните интереси и да ја врати позицијата на Грција во нашиот регион, но и нашиот кредибилитет во Европа. Како што произлегува и од постигнатото во првите 100 дена во надворешните прашања, од однесувањето на нашите партнери и од натписите на странски медиуми, Грција одново станува протагонист. Сè друго се лаги, фантазии и правдање за вината, вели Пецас.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Турција забрани летови за Македонија и уште за 45 држави

Редакција

Границата со Грција најверојатно ќе остане затворена и по 1 септември

Редакција

Во српски праски откриено високо ниво на пестицидот хлорпирфос

Редакција