еМагазин
Image default
Македонија

Ципрас побарал од министрите да се обврзат дека владата нема да падне поради прашањето за името

Грчкиот премиер Алексис Ципрас на денешната владина седница побарал од министрите да се обврзат дека нема да ја поддржат евентуалната иницијатива на Нова демократија за гласање недоверба на Владата и дека нема да ја турнат владата по повод прашањето за името.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, обраќањето на грчкиот премиер на денешниот министерски состанок беше зад затворени врати, а според грчки владини извори, Алексис Ципрас, како централно политичко прашање ја поставил обединетоста на владата во период кога се видливи резултатите од три и пол годишните напори, бидејќи грчката економија се наоѓа во фаза на закрепнување.

Во овој контекст, според истите извори, Ципрас побарал од сите министри да се обврзат дека нема да помислат да се идентификуваат со напорите на десницата или на радикалната десница да ја турнат влада имајќи го како повод прашањето со името, а всушност вистинската причина на десницата и радикалната десница е желбата да попречи текот на излезот од кризата. Па така, побарал од министрите да се обврзат дека нема да ја поддржат можната иницијатива на Нова демократија за гласање недоверба на владата.

Во обраќањето пред министрите, грчкиот премиер говорел и за економијата и доставениот буџет за следната година во кој не се вклучени кратењата на пензиите и изразил мислење дека грчкиот план ќе биде одобрен од Европската комисија.

На владината седница, Ципрас како приоритет го споменал започнувањето на процесот за уставни измени на почетокот на ноември, врз основа на предлозите од јули 2016 и заклучоците од националниот дијалог.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пратениците нема поединечно да добиваат средства од буџетот за референдумската кампања

Редакција

Антикорупциска отвори уште еден предмет за в.д. директорката на Клиниката за хематологија, Ирина Пановска

Редакција

По Ременски и Кирацовски во Обвинителството на распит за „Рекет“

Редакција