еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Ципрас си замина, останаа проблемите

Ќе успее ли Владата да ги исполни реформите потребни за започнување на преговорите за членство во Европската Унија е прашање на кое може да се очекува негативен одговор ако се земе предвид дека има само уште неколку месеци до јуни, кога во Брисел ќе се анализира како оди спроведувањето на реформите во судството, во тајните служби, во јавната администрација и во областа на борбата против корупцијата.

Имено, власта и опозцијата се уште не можат да се договорат околу судбината на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) со оглед на тоа што во сенка на посетата на грчкиот премиер Алексис Ципрас вчера неуспешно заврши и четвртата по ред средба меѓу работните групи на двете страни за законот за јавно обвинителство со што треба да се реши идниот статус на СЈО.

Не би требало да се очекуваат ниту кој знае какви позитивни оценки за реформите во јавната администрација, бидејќи тие се носат само на хартија, а во суштина има илјадници нови вработувања во државните институции и претпријатија.

Со формирањето на ОТА и Агенцијата за разузнавање има каков таков напредок во реформите на тајните служби, но во однос на борбата против корупцијата земјава дефинитвно ќе забележи најслаби резултати со оглед на тоа што нема судска разрешница за големи корупциски скандали, а државните институции покажуваат неспособност и во санкционирањето на политичко-коруптивни скандали какви што се платформите на Матка, палењето трски, набавката на луксузни возила во услови на презадолженост….

Не треба да се заборави дека со преименувањето, нашата земја плати скапа цена за отворање на европскиот пат, што всушност се уште зависи од Грција, бидејќи Преспанскиот договор е се уште во фаза на спроведување и не се знае какви ќе бидат реакциите во јавноста откако ќе се види ревизијата на учебниците и другите обврски од договорот.

Уште повеќе, не треба да се заборави дека речиси цел април фокусот ќе биде на изборите за претседател, кои ќе бидат силен сигнал за тоа дали ќе има предвремени парламентарни избори, што секако ќе ги пролонгира реформите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Додека сите очи се вперени во Ципрас: Сé уште нема договор за законот за јавно обвинителство

Светска банка: Потребно е ограничување на трошоците и сеопфатна реформа на администрацијата

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе се спасат ли од затвор Канческа, Авировиќ, Кочан: На Комисија експресно поминаа измените на КЗ

Редакција

Почна постапката за избор на универзален снабдувач на струја

Редакција

Кој се ќе настапи: Организиран пречек на Нова Година на плоштадот во Прилеп

Редакција