еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Циркузот со уставните измени продолжува, исклучените пратеници од ВМРО ДПМНЕ сега демек воздржани

Вчера во Собранието поминаа два од нацрт – амандманите со кои ќе се менува македонскиот Устав, што е предвидено со договорот за името со Грција или веќе познат во јавноста како Договорот од Преспа.

За едниот, кој се однесува за промена на името на Македонија во Северна Македонија гласаа 67, а за другиот, кој се однесува на АСНОМ, 65 пратеници.

Денеска на дневен ред во Собранието се уште два од вкупно четирите предвидени нацрт – амандмани.

Во оваа втора фаза не се потребни гласови на најмалку 80 пратеници. Таа бројка повторно ќе биде потребна во третата финална фаза од оваа процедура.

Осумтте пратеници од опозицијата во втората фаза се „као“ воздржани.

Како да се сфати тоа што тие во првата фаза гласаа за отворање на процедурата за промена на Уставот, а сега „као“ имаат дилема?

Да не заборавиме дека против половина од овие пратеници се водат судски процеси, па одговорот за нивната „воздржаност“ лежи најверојатно токму таму.

Уште повеќе што веќе со недели се зборува за помирување, простување, амнестија… кој како сака нека си го дефинира предлогот кој го даде премиерот Зоран Заев.

А не се нешто „потресни“ и другите пратеници, ако се имаат во предвид бројките од вчера. Фалат неколку гласа до 72.

Се на се, вакви клучни прашања, кои меѓудругото се однесуваат и на промена на името на државата се сведоа на математики „под маса“, што доволно зборува како „играат“ нашите избраници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Собранието го усвои и вториот нацрт-амандман на Уставот што се однесува на АСНОМ

По втор пат усвоен нацрт амандманот со кој во Уставот „Република Македонија“ се заменува со „Република Северна Македонија“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ѓорге Иванов: Предупредував дека со Договорот од Преспа се става крај на Република Македонија каква што ја знаеме

Редакција

46,3% од заболените со Ковид-19 во Македонија рекле дека имале контакт со потврден случај

Редакција

„Погрешно толкување на историјата“ влезе во последната нацрт-верзија, но не како што бара Бугарија

Редакција