еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Црквите и џамиите да се затворат поради коронавирусот: Верниците можат и дома да се молат

Бигорскиот манастир вчера соопшти дека значително го ограничува пристапот кон манастирот и дека целосно се забранува пристапот до манастирот во Рајчица, а со цел да се почитуваат владините препораки за првенција и спречување на ширење на коронавирусот.

Ваквите мерки се за поздравување. Но, за жал, се чини дека има субјекти во верските заедници кои несериозно ја сфаќаат заканата од коронавирусот.

Имено, иако МПЦ и ИВЗ упатија апел да се почитуваат владините мерки џамиите и црквите останаа отворени.

Па така, црквата Свети Никола во Охрид преку Фејсбук ги повикува граѓаните на литургија против епидемии и болести.

Истовремено, во медиумите веќе излегоа фотографии од исламските верници кои во групи се молат во џамиите. Тоа се должи и на смешниот апел на поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи верниците петочните молитиви да ги држат во џамија, а останатите денови да се молат дома.

Се чини дека ваквите половични прифаќања на владините мерки го доведуваат во ризик целото население без оглед на верата и дека реално надлежните органи имаат простор да ги казнуваат верските заедници односно нивните претставници кои повикуваат на јавни собири и покрај владината забрана.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Првпат го видов „Силбо“ празно, корона вирусот го направи Скопје град на „духови“

Драги млади, не бидете себични кон дедовци и баби: Од корона вирусот се умира

(Галерија) Секое возило кое влегува и излегува од Дебар и Центар Жупа се дезинфицира

И црквата повика да се почитуваат мерките за превенција од корона вирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Vertigo – млад бенд кој создава музика проткаена од разновидни жанрови

Редакција

Кривична за Ацо Спасеновски, како министер за земјоделство овозможил незаконска исплата на 7,3 милиони денари

Редакција

Поради неважечките ливчиња не се избра градоначалник во Ново Село во првиот изборен круг

Редакција