еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Црвениот крст на град Скопје во соработка со Државна Лотарија со хуманитарна помош за лицата во трето доба за превенција од КОВИД-19

Започнувајќи од денес 24.03.2020 (вторник) Црвен крст на град Скопје со финансиска поддршка од Државна Лотарија на Република Северна Македонија ќе врши дистрибуција на хигиенски средства за само-заштита за себе и домот за ранливите категории на немоќни лица од најзагрозената категорија граѓани од трето доба.

Преку активностите ќе бидат опфатени лица од најранливата група граѓани, на возраст над 60 години од територијата на град Скопје, но и други градови каде Црвен крст работи директно со немоќните и повозрасни лица.

Донацијата од Државна лотарија е во висина од 700.000 денари со што се набавени и подготвени сетови на хигиенски средства како: гел за дезинфекција на раце, средство за дезинфицирање на домот, антибактериски влажни марамчиња и сл., како и маски и ракавици за превенција.

Исто така, изработен е и се дистрибуира едукативен леток за заштита од КОВИД-19 (коронавирус), што ќе се дели со сетовите, но и на терен меѓу најзагрозените категории граѓани коишто немаат пристап до интернет и редовно информирање.

Оваа акција е уште една во редот акции на Црвен крст поддржани од Државна лотарија. Овој пат целта на заедничката соработка е да се помогне на најранливите категории граѓани односно лицата во трето доба кои се високо ризична категорија на граѓани.

Со оваа активност ќе бидат опфатени повеќе од 2.000 лица на територија на градот Скопје и други градови, согласно приоритетите на листата на Црвен крст.

Изразуваме благодарност до тимот на Државна лотарија, коишто и со оваа донација ја потврдија својата општествена одговорност и порачаа дека најголемата среќа е човековото здравје, а во борбата за здравјето треба да сме единствени.

ПРОМОТИВНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Казино „Фламинго“ хотел Гевгелија донираше медицинска опрема во вкупна вредност од 20.000 евра на Општа клиничка болница во Гевгелија

Редакција

(Фото) Бонуси за мерак! Топ тикети во Sport Life

Редакција

За прв пат сезонава на Попова Шапка ќе има ноќно скијање

Редакција