еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Цунамито државни вработувања продолжува и во 2019 година

Првите девет дена од новата 2019 година донесоа нов наплив огласи од јавни претпријатија, агенции и други државни институции за вработување на околу 200 лица.

Царинската управа објави оглас за вработување на 78 извршители на определено време до крајот на тековната фискална година, а како главна причина за тоа е наведен привремено зголемен обем на работа до крајот на 2019 година.

Во огласот се бараат советници, цариници, виши цариници, кандидати за началник на Одделение кабинет на директор во Царинска улрава, инспектор со мобилен скенер, шеф на служба за проекти во Одделение за меѓународна соработка и за други работни места.

Основната нето плата за работно место началник на одделение е 39.899 денари, за шеф на служба е 34.067 денари, за водител на смена е 33.432 денари, за самостоен советник е 32.401 денари, за советник е 30.724 денари, за виш цариник е 31.053 денари, за работно место цариник е 22.887 денари, за администартивен оператор е 24.060 денари и за наллатувач е 16.571 денари.

Државната изборна комисија објави оглас за вработување на 9  лица преку засновање на работен однос на определено време во траење до 31 декември 2019 година. Се бараат кандидати за раководители на различни сектори, советници и виши соработници.

Платата во зависност од работното место се движи од 20.987 до 35.872 денари.

Јавното претпријатие за државни патишта распиша оглас за вработување 84 инкасанти за наплата на патарина за плата од 19.760 денари. Во друг оглас за вработување на 16 лица, ЈП за државни патишта бара кандидати за советници и референти.

Управата за хидрометеоролошки работи објави оглас за вработување на 11 лица на определено време до крајот на годината. Се бараат кандидати за референти, помлади референти, помлади соработници и други профили работници на повеќе локации во Македонија.

Распишан е оглас за вработување на 4 државни службеници во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој каде што се бараат советници и помлади соработници.

Во оглас за вработување на 3 лица во Агенцијата за лекови и медицински средства се бараат кандидати за инспектори и помлади соработници.

Агенцијата за администрација објави оглас за вработување на 8 лица во казнено-поправниот дом Идризово во кој се бараат помлади соработници, виши соработници и референти. Платите во завиност од работното место се движат од 15.689 до 23.257 денари.

Ваквиот бран огласи во јануари е всушност продолжение на напливот од последните месеци на минатата година, кога државните институции и претпријатија доминираа во огласите за вработување.

Опозицијата обвини дека власта ги трупа државните институции со партиски вработувња, на што од Владата одговорија дека се вработуваат лица на места кои биле испразнети во текот на минатата година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Доминација на државните институции во огласите за вработување

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонска неправда: Во банките заштеди од 4,5 милијарди евра, а 455.100 лица живеат во сиромаштија

Редакција

(Видео) Русите со проектили ја уништија главната телевизиска кула во Киев

Редакција

Ковачевски за обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ: Само нечесни и уплашени луѓе злоупотребуваат нечиј здравствен предизвик

Редакција