еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Д-р Харис Бабачиќ објаснува за смртноста кај вакцинираните против Ковид-19

Д-р Харис Бабачиќ, магистер по епидемиологија на својот Фејсбук профил направи анализа за смртноста и вакцинирањето против Ковид-19.

“Веќе се забележуваат промени во епидемиолошката состојба кои укажуваат на нов бран. Сезонскиот ефект веројатно ќе го забави бранот за време на август, но тоа веројатно ќе се смени од септември натака доколку немаме вакцинирано доминантен дел од популацијата – над 90%.

Сепак, доколку ги вакцинираме повеќето највозрасни и ранливи категории, не очекувам да новиот бран во пораст на случаи биде проследен со пропорционално ист пораст на хоспитализации и починати како во претходните бранови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Тетовската болница починал пациент со Ковид-19 и вакциниран со две дози „Синофарм“

Во поглед на случајот на вакциниран човек, кој се заразил и починал од Ковид-19 што доведе до некаква паника во јавноста, чувствувам потреба да појаснам што всушност високата ефикасност на вакцините во спречување смртен исход од Ковид-19 значи…

Не познавам процедура која гарантира апсолутна (100%) заштита од некоја болест или смрт во било кое поле, па ни во медицината. Така е и со вакцините.

Како што претходно имам пишувано, студиите за процена на ефикасност можат да проценат дека некоја вакцина е 100% ефикасна во даден експериментален дизајн, но во реалноста, најчесто се случува да вистинската ефикасност на ниво на популација (која ја нарекуваме ефективност) е неколку проценти пониска.

Па така на пример првично проценета ефикасност, во реалноста може да варира од да кажеме 93% до 99.99% (илустративен пример).

Што тоа значи?

Најупростено, 99% ефикасност во спречување на смрт од Ковид-19 би значело дека ако од 100.000 невакцинирани би ни починале 1.000 луѓе, од 100.000 вакцинирани ќе ни починат 10 луѓе, доколку се заразат.

Така да не значи дека нема никогаш повеќе да видиме луѓе да починат од Ковид-19, доколку сите ги вакцинираме. Ќе гледаме, но разликата ќе биде ОГРОМНА споредбено со тоа ако не сме ги вакцинирале луѓето.

Разликата е огромна и ако таа ефикасност е на пример 90% – во дадениот пример, тоа се 900 спасени животи на 100,000 вакцинирани.

Се надевам дека ова ќе ги разреши дилемите во јавноста доколку имало некакви забуни. Вакцините делуваат“, напиша Бабачиќ.

Фото: Бабачиќ/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Комерцијална банка за три месеци оствари добивка од 7 милиони евра

Редакција

Тендер вреден седум милиони евра: „Окта“ и „Супертрејд“ ќе ги „полнат“ нафтените резерви со дизел

Редакција

(Фото) „Дали знаеш од каде доаѓа твојата роба (дрога)?„: Фестивалот EXIT одржа лекција по маркетинг

Редакција