еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Да не беше корона вирусот, училиштата немаше да видат сапун

Министерството за здравство треба итно да набави соодветна количина сапун и дезинфекциски средства за училиштата, детските градинки и јавните тоалети.

Ова е една од владините мерки за справување со корона вирусот кој веќе е присутен во Италија и Хрватска поради што извесно е дека опасноста за негова појава во земјава станува се поголема.

Колку и да е мерката позитивна, таа открива системски проблеми во македонското образование, бидејќи во училиштата ретко има сапун и тоалетна хартија.

Имено, многу често во училиштата и установите за предшколска возраст се бара родителите да ги купуваат основните средства за хигиена што е недозволиво во земја која декларира дека има бесплатно образование.

Во однос на јавните тоалети, во Владата изгледа подзаборавиле дека тие се вистинска реткост во Скопје, а уште помалку ги има во помалите градови во државата, така што во овој случај ќе имаме можност за заштеда на сапун.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Втор случај на заболен од корона вирус во Хрватска

„Нас не ни треба коронавирус. Ние си ги имаме политичките партии„: Твитер реакции

На овие телефонски броеви може да се јавите при сомнителни симптоми на корона вирус

Фото: medicalnewstoday

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа 10 лица од Ковид-19, најмладиот на 47-годишна возраст

Редакција

Убава вест: 204 оздравени од Ковид-19

Редакција

ТЕЦ Неготино се присоединува кон ЕСМ

Редакција