еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Да не подлегнуваме на страв и паника – стресот го инхибира имунолошкиот систем

Граѓаните не треба да се плашат. Природата се погрижила имунолошкиот систем да биде способен соодветно да одговори кон сите досега познати антигени, па дури и кон сите оние што допрва ќе се создадат во иднина. Само треба да му се остави доволно време тоа да го направи, како и малку да му се потпомогне, вели за МИА, имунологот д-р Дејан Трајков, професор на Медицинскиот факултет – Скопје во врска со коронавирусот.

-Единствената разлика меѓу сите нас е во тоа што времето потребно имунолошкиот систем да го покаже својот максимален ефект е индивидуално и различно. Ние сега можеме да му помогнеме само со консумација на одредени минерали и витамини.

Нивниот вид и концентрација зависи од претходната физичка и психичка состојба на организмот, што е повторно индивидуално. Секако, што е исто така многу важно, во никој случај не треба да се наруши невро-ендокрино-имунолошката оска која постои во нашиот организам.

Со други зборови, не треба да подлегнуваме на никаков страв и паника, бидејќи стресот кој при тоа се јавува веднаш ќе доведе до инхибиција на имунолошкиот систем и неможност на организмот благовремено да се одбрани. За тоа воопшто и нема причина, нагласува д-р Трајков.

Според него, одморот и сонот, кои сега ни се потребни во поголем обем, а кои ни се овозможени со подолгиот престој во домовите поради изолацијата, се едни од битните чинители кои исто така ќе му помогнат и ќе овозможат правилна функција на имунолошкиот систем.

-Министерството за здравство и здравствените работници досега ги имаат преземено сите соодветни здравствени мерки, правовремено и во доволен обем, за да му овозможат на имунолошкиот систем навреме да се разбуди и да ја изврши својата должност, оценува проф. д-р Трајков од Медицинскиот факултет во Скопје.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Следува потопол период, колку тој ќе ја ублажи состојбата со коронавирусот?

Сега не е време за диети – со зеленчук, овошје, чаеви, супи, јогурт и пилешко против коронавирусот

(Видео) Како безбедно да го исчистите смартфонот од евентуално присуство на корона вирусот?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Оне.Вип го доби тендерот на општина Чаир за набавка на мобилна и фиксна телефонија вреден 64.000 евра

Редакција

Високиот процент на одбиени визи од САД за македонски граѓани е поради несоодветни апликации, велат од МНР

Редакција

Денеска претпладне сончево, попладне со пороен дожд и грмежи

Редакција