еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Да не треба сега Османи да го плаќаме и за контрола на употребата на албанскиот јазик?

Во видео кое го постираше на својот Фејсбук профил, кое може да го крстиме како „ДУИ се подготвува за избори на големо“, вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи се шета со директорот на Агенцијата за спроведување на Законот за употреба на јазиците, Илбер Села низ Скопје и по државни институции и изиграва нешто што не е, за кое нема ни надлежност, ниту пак овластување – инспектор за употреба на албанскиот јазик.

Врв во видеото е кога двајцата ќе „откријат“ дека таблата на Агенцијата за администрација е само на македонски јазик, па Османи му се јавува на директорот на Агенцијата да провери зошто истата не е и на албански јазик.

Во кое својство му се јавува Османи на директорот? Така ли треба да функционираат работите? Нели за ЕУ не спрема Османи? Да не сака сега работата и на Села да му ја зема? Да не треба сега Османи да го плаќаме и за контрола на употребата на албанскиот јазик? Нека си каже на време, оти нашите пари нема на што попаметно да се трошат.

Џабе толку шетање по ЕУ, кога по се изгледа основни работи не научил.

Ако веќе толку сака да изиграва инспектор, нека тргне по институциите да провери на што си го трошат времето речиси 1.000 административци, вработени според Рамковниот договор, кои ништо не работат, а ги плаќаме повеќе од една деценија.

Или нека тргне во контрола за употреба на македонскиот јазик. Не е вицепремиер само на албанските граѓани. Кога веќе толку запнал, нека прави како што треба. Не половично и селективно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вицепремиерот Османи заработи казна за зборување на мобилен додека вози

„Ало Али, тука сум пред ДУИ. Како е планот за македонското знаме?„: Твитер го „подбра“ „инспекторот“ Бујар Османи

Мехмети: Најубаво ќе беше Османи да отидеше до мала Речица за да побара конечно да биде поставено државното знаме

(ВИДЕО) Бујар Османи стана и „инспектор“ за употребата на албанскиот јазик

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Народна банка предвидува раст на економијата од 3,5 проценти за 2019 година

Редакција

Судскиот совет разреши пет судии

Редакција

Обвинителство утврдило неправилности при претресот на ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција на Финансиската полиција

Редакција