еМагазин
Image default
Да помогнеме

Да помогнеме: Дејан Наумовски (26) има редок вид на тумор, прв дијагностициран кај нас

Дејан Наумоски има 26 години и има дијагностициран редок вид на тумор на ТИМУС жлездата.

Тимусната жлезда е одговорна за производство на Т-лимфоцити и е од суштинско значење за имунолошкиот систем. Тие се јавуваат со стапка од само 3 случаи за секои 2 милиони луѓе и можат да се прошират на срцето и на белите дробови.

Дејан е првиот пациент од Македонија дијагностициран со овој вид на рак. Во моментов, тој се наоѓа во болницата Memorial Memorial Bahçeelievler во Истанбул, Турција, на чекање за лекување.

Вкупните трошоци на радиотерапијата и хемотерапијата се 40.000 швајцарски франци, што е околу 36.000 евра.

Неговото семејство можеше да собере 22.000 швајцарски франци,а тоа е 19.700 евра.

-Потребни се уште дополнителни 18.000 швајцарски франци. Бидејќи операцијата треба да се спроведе што е можно поскоро, бараме од луѓето во светот да ја покажат својата хуманост и да му помогнат на Дејан да ги собере потребните пари за успешен третман“, велат од неговото семејство.

На Дејан му треба помош од секој хуман граѓанин кој е во можност да донира.

Може да донирате и ОВДЕ.

Извор: dosie.mk

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Потребна е помош на самохрана мајка: Борба со болест, развод, повторна бременост

Редакција

Уште сме му потребни на Лео, да помогнеме

Редакција

Седумгодишната Викторија боледува од леукемија, потребни се средства за трансплантација на коскена срцевина во Турција

Редакција