еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Дали ќе стане осомничена или сведок: Катица Јанева конечно на распит за “Рекет“

Денеска според најавите, шефицата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), во заминување, Катица Јанева треба да даде исказ за случајот „Рекет“ на Јавното обвинителство.

Таа се поврзува со „Рекет“ уште од првиот ден кога јавноста дозна детали за случајот, а истиот ден и беше одземен и мобилниот телефон.

По неколку дена и беше одземен уште еден мобилен телефон, за кој првично се тврдеше дека е изгубен, но истиот беше пронајден форматиран.

Од она што е познато во јавноста, во двата телефони наводно не е пронајдено нешто што ја поврзува со случајот.

Медиумите во меѓувреме објавија дека во СЈО, „нешто“ се „брише“, а потоа следеа аудио снимките за „Рекет“, кои ги објави италијанскиот весник „Ла Верита“, во кои се слуша нејзиниот глас, а кои дополнително интерно ги зголемија тензиите помеѓу вработените во СЈО и Јанева.

Таа во Обвинителството ќе треба да објасни зошто разговарала со сведокот-жртва во „Рекет“, бизнисменот Орце Камчев, и секако во каква релација е со осомничениот во истиот случај, Бојан Јовановски (Боки 13).

За Боки 13 на прес-конференција рече дека го злоупотребил нејзиното име и презиме, а за Камчев преку соопштение рече дека го договарала за сведок-соработник во некоја предистрага на СЈО.

Како и да е, по овој исказ на Јанева ќе стане и појасно каква улога ќе добие таа во случајот, на осомничена или на нов сведок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зошто до сега Боки 13 не бил на распит за “Рекет“?

“Рекет“ “удри“ и на предметите на СЈО за кои во тек се судења

Отплаќа три кредити: Каков имот пријавила специјалната обвинителка Катица Јанева која утре ќе сведочи за „Рекет„

Во СЈО фали уште да се „испотепаат“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонските граѓани ќе може да донираат средства за настраданите во Бејрут преку сметка и телефонски броеви

Редакција

ЗНМ и ССНМ: Итни субвенции по вработен новинар/медиумски работник во висина на минимална плата или ослободување од плаќање придонеси

Редакција

(Фото) 85 годишната Елена Макалоска најстар излекуван пациент од коронавирусот во Прилеп

Редакција