еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Дали Кики и Фрики присуствуваа на ЦО на СДСМ

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски синоќа избегна да даде директен одговор на прашањата дали има сознанија кои се Кики и Фрики, за кои се тврди дека се високи функционери од СДСМ вмешани во „Рекетот“ на Бојан Јовановски и Зоран Милески.

Тој нагласи дека ЦО донел декларација, која застанала во одбрана на функционирањето на правната држава и правниот систем.

На прашањето дали Кики и Фрики биле присутни на седницата, Николовски одговори дека присустувале голем број членови на ЦО – пратеници, градоначалници и додаде дека сите биле едногласни во бескомпромисната борба против корупцијата и организираниот криминал.

Запрашан дали високи функционери на СДСМ се вмешани во „Рекет“, Николовски нагласи дека партиската припадност никого не амнестира од криминал.

-За разлика од многу други, кои ги блокираат институциите и се борат против правдата и не сакаат да дојдат на преговарачката маса само заради криминалот, ние целосно се бориме против нив, рече Николовски, додавајќи дека кој било граѓанин може да е вмешан во нешто, а институциите треба да дејствуваат за секого, без разлика дали е член на политичка партија.

МИА/Фото: СДСМ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео+фото) Кој дојде на седницата на Централниот одбор на СДСМ?

Цела листа: Кои се првите луѓе на партиските комисии кои се избраа на ЦО на СДСМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денеска се отвора вакцинален пункт и во поликлиниката во Шуто Оризари

Редакција

Владата да објави каков предлог Заев дал во Бугарија, нели се преговараше само за португалскиот предлог, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

Промет од 666.000 евра со акциите на „Тетекс“ за осум месеци

Редакција