еМагазин
Image default
Интервју

Дали треба да не загрижи есенското паѓање на косата и како да си помогнеме?

Драгана Спасевска е докторка во клиниката „101hair“, а со неа разговаравме за опаѓањето на косата, кое типично се јавува во есен, и претставува голем проблем за жените и мажите. Но дали има место за загриженост и како можеме сами да си помогнеме?

„Сезонското опаѓање на косата се јавува типично во есен, особено во октомври. Може да опаѓаат и до 150 влакна на ден. Ниту еден период на сезонско губење на косата не треба да трае повеќе од четири до пет недели, по што новата коса треба да почне повторно да расте. Откако ќе престане сезонското опаѓањe, нашата коса најчесто целосно се обновува и регенерира“, вели Спасевска во разговор за „еМагазин.мк“.

Според нејзе постојат два главни фактори за кои се смета дека се причинители за сезонското губење на косата, и двата се однесуваат на хормоните.

„Првиот се однесува на изложеност на сончева светлина. Дури и доколку го поминувате поголемиот дел од вашето време во затворен простор сепак и тогаш сте изложени на повеќе сончева светлина во пролет и лето.

Ова може да доведе вашиот организам да произведува помалку мелатонин, кој е во директна поврзаност со хормонските нивоа во вашиот скалп. Тоа може да влијае на фоликулите на косата во продолжување на времетраењето на нивната природна фаза на опаѓање за подолго време од вообичаеното.

Друг главен фактор е ефектот на тестостеронот чии нивоа се обично повисоки во пролет и есен. Иако тестостеронот често се смета за машки хормон, тој постои и кај мажите и кај жените и е познат предизвикувач на губењето на косата“, објаснува Спасевска.

Она што е многу важно, истакнува таа, дека иако сезонското губење на косата може да биде малку загрижувачки, во суштина воопшто не предизвикува никаква штета по однос на косата.

„ Ако меѓутоа, станува збор за поинаков тип на губење на коса, тогаш, сепак, може да направи вашата нормално тенка коса значително да се проретчи и опаѓа. Добра вест е дека, во најголем број од случаите, постои можност за санирање на ваквиот проблем преку адекватни третмани и користење на клинички докажани производи токму за ваква намена.

Ако косата не се обнови и не израсне, потребно е да побарате стручна помош од трихолог – специјалист за опаѓање на косата, за да се утврди точната причина и тип на опаѓање на косата. Некои форми на губење на косата може да резултираат во брзо опаѓање на косата и нејзино проретчување со трајни последици, а опаѓањето може да почне токму во есен“, објаснува Спасевска.

Според нејзе постојат два типа на третмани и начини на кои може да се реши ваквиот проблем. Најпрвин може да се применуваат третмани кои превентивно би ги регулирале хормонските нивоа на рамнотежа во скалпот и на тој начин би се спречило да дојде до значително опаѓање на косата.

Вториот модул е доколку веќе постои значително губење на косата поради хормонскиот дисбаланс во скалпот и покаченото ниво на тестостерон да се влијае преку внесување на мелатонин чии нивоа во крвта се значително намалени, поради што и директно доаѓа до губење на косата. Мелатонинот може да се користи орално или преку негово локално аплицирање на скалпот.

Како совет за сами да си помогнеме за обнова на косата по сезонското паѓање, Спасовска советува косата да се скрати.

„Кратењето ќе ги отстрани расцветаните, и крути краеви и ќе и даде волумен на косата. Косата ќе изгледа здраво и сјајно и живо.Користете добар шампон и маска за да ја зачувате влажноста на влакното. Ќе забележите подобрување после неколку миења. Не ја мијте пречесто косата. Независно од сезоните, 2-3 пати неделно е сосем доволно да се мие косата. Намалете го користењето на апарати за стилизирање.

Константното шокирање на косата со екцесивна топлина ја елиминра водата од влакното и го оштетува, особено кај веќе фарбата коса. Здравјето на косата е поврзано со тоа што консумираме, па косата е одраз на нашата исхрана. Јадете многу протеини свежо овошје и зеленчук. Ако треба додадете и суплементи за коса.Локална терапија со хербални тоници со стимулативни состојки, ќе и помогнат на косата побрзо да израсне и ќе и обезбедат оптимален квалитет и густина“, додава таа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Д-р Жарко Костиќ, мотивациски говорник и тренер за личен развој: Помагајте им на другите, за тоа постоиме!

Редакција

Спаре: Водичите во планина обучени според меѓународни стандарди, гарантираат квалитетна услуга и безбедност

Силвана Жежова

Андонова: 175 едноставни и економични рецепти за нега, кои можете да ги подготвите дома

Редакција