еМагазин
Image default
Македонија

Дали Вучиќ му помогнал на Груевски, прашуваат две српски партии

За бегството на Никола Груевски во Унгарија вчера и денеска информираат сите српски медиуми, а според ТВ Н1, Министерство за внатерешни работи на Србија соопштило дека Груевски нема српско државјанство или пасош и дека се проверуваат информациите дали до Унгарија одел преку територијата на Србија.

Српската опозициска партија Движење на слободните граѓани (ПСГ) на Саша Јанковиќ и Граѓанскиот блок 381 денеска побараа Владата на Србија и Српската напредна партија (СНС) да одговарат која е улога на Белград во бегството на поранешниот македонски премиер Никола Груевски, оценувајќи притоа дека Србија под власта на СНС станала „безбедна зона” за богатите луѓе кои во своите земји бегаат од правдата.

-Дали (претседателот на Србија Александар) Вучиќ му помогнал размислувајќи и за себе, дали незаконски и наредил на разузнавачката служба БИА тајно да го прифати Груевски и да го спроведе преку Србија зашто сака да создаде пракса која утре и нему ќе му треба, прашуваат од ПСГ и Граѓански блок 381 во соопштението до јавноста.

Наведуваат и дека советникот на принцот на Абу Даби, шеикот Мохамед бин Зајед, Мухамед Дахлан, кој е на меѓународна потерница, има добиено државјанството и орден на Србија, а потоа ја има закупено поранешната претседателска вила на Дедиње.

Граѓанскиот блок и ПСГ додадаваат во соопштението дека Србија му дала азил на поранешен романски пратеник Себастијан Гици за кој е распишана меѓународна потерница за перење пари, примање и давање мито, уцена и злоупотреба на класифицирани информации.

-Движењето на слободни граѓани нема да дозволи, по промена на власта, луѓето кои денес на секој начин ја уништуваат Србија, да ја избегнат одговорноста, се вели во соопштението на ПСГ и Граѓанскиот блок 381 кои го објави опозицијскиот весник „Данас“.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе паднат ли оставки за бегството на Груевски?

Фарса не векот: Ќе ни остане ли за спомен од Груевски потерницата на МВР?

Судбината на Груевски во рацете на „лошото момче“ Виктор Орбан

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вкупно до сега 3.977: Починаа уште 37 заболени од Ковид-19

Редакција

И Заев виде „говор на омраза“ во „Ругање со Христос“

Редакција

Филипче ќе оди на работа се додека правно формално не биде тргнат од функцијата, вели Заев

Редакција