еМагазин
Image default
Македонија

Дарко Каевски е новиот претседател на подмладокот на СДСМ

На 22. конференција на Социјалдемократската младина на Македонија се избра новото раководство на СДММ. За претседател е избран Дарко Каевски, досегашен потпретседател на младината, со големо искуство и работа во областа на младинските прашања.

На Конференцијата се избра и нов Централен и Надзорен одбор на СДММ.

Досегашниот претседател на младината, Стефан Богоев се заблагодари за досегашната поддршка и доверба во текот на целиот мандат. Богоев го истакна и клучниот период пред кои се наоѓаме како држава.

Во претстојниот период ќе се избере и Извршниот одбор на СДММ, како и генерален секретар и потпретседатели на младината.

Дарко Каевски е директор на Агенцијата за млади и спорт.

Фото: Зоран Заев/Фејсбук

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Младината на социјалдемократите избира нов претседател

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Сузбиена организирана криминална група што криумчарела мигранти, приведени 10 лица

Редакција

(Фото) Филипче на Заев му подари слика, бидејќи не кажал „не“ за инвестиции во здравството

Редакција

Чаир блиску до 200 активни случаи: Детален преглед на заразени со корона вирусот по скопските општини

Редакција