еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Дебар, Скопје и Куманово во 4 фаза, какви се проценките на ризикот за ширење на коронавирусот

Во Македонија според последните податоци, објавени вчера, бројот на заболени со коронавирусот е 329 лица, а бројот на починати се искачи на 9.

“Проценката на ризик на Светската здравствена организација (СЗО) на глобално ниво и на ниво на Европски Регион за понатамошно ширење на COVID-19 кажува дека ризикот е многу висок.

Според категоризацијата на ризикот од СЗО, се проценува дека: Дебар е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).

Скопје е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).

Куманово е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).

Останатиот дел од Република Северна Македонија е во фаза 2 (спорадични случаи)“, стои во анализата на податоците од страна на Институтот за јавно здравје.

Како што е познато единствено во општините Дебар и Центар Жупа е прогласена кризна состојба и карантин на 13.03.2020 година во времетраење од најмалку 30 дена.

Од Општината Куманово, каде вчера беа регистрирани најголем број на новозаболени со вирусот на ниво на државата, последниве денови континуирано се бара и таа да оди во карантин, но за сега властите сметаат дека нема потреба за тоа.

На територијата на Македонија пак е прогласена вонредна состојба на 18.03.2020 година во времетраење од најмалку 30 дена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

24 од новозаболените со коронавирусот имале контакт со потврден случај, 7 неодамна патувале во странство

35 случаи на здравствени работници заболени со коронавирусот, 26 се заразиле во болница

Расте бројот на заболени со коронавирусот во Карпош, како изгледа мапата по скопските општини

Куманово и Дебар со ист број заболени со коронавирусот, како изгледа мапата по градови

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Продолжен куќниот притвор на Камчев, Панделески и Јосифовиќ

Редакција

„Мак строј“ го доби тендерот на Министерство за здравство за изведба на бункер за нуклеарна медицина во Штип вреден 359.000 евра

Редакција

Меркел вели оти во ЕУ не можеле да предвидат дека Бугарија ќе ја блокира Македонија

Редакција