еМагазин
Image default
Локално

Дебарчанец пријавил измама од 80.000 евра

На 06.04.2021 во 15.00 часот во Одделението за внатрешни работи Дебар, 56- годишен маж од Дебар пријавил дека бил измамен од М.Д, К.С., двајцата од Дебар и С.Н. од с.Велешта, струшко, за сума од околу 80.000 евра, информира МВР.

Според пријавеното, во декември 2018 тој му позајмил пари на М.Д. кои до сега не му ги вратил.

Исто така, според пријавеното, С.Н. со посредство на К.С. се обврзал дека ќе го преземе долгот што М.Д. го имал кон него, а за таа цел требало да му исплати 32.000 евра за да ја ослободи хипотеката и сопственоста да ја пренесе на него.

Како што е пријавено, С.Н. како награда од пријавителот добил 13.300 евра.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нарушени семејни односи причина за физички напад пред казино во Скопје

Редакција

(Фото) МВР откри 100 килограми марихуана во Росоман

Редакција

Стрико допирал 13-годишно девојче по интимни делови од телото

Редакција