еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

„Дека“ е Мира Дизел?

Како што најави пред неколку дена премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, роднини на функционери од оваа партија почнаа да се повлекуваат од работните места во државни институции и компании.

Процесот оди бавно, а интересно е дека од личноста која предизвика најголем интерес во јавноста, пратеничката на СДСМ, Мира Стојчевска, нема ни трага, ни глас, ни пак најава дека нејзините родини и членови на семејството ќе се повлечат од работните места.

Државната комисија за спречување корупција пред неколку дена соопшти дека за сега отворила 18 случаи во кои ќе ги проверува вработувањата на блиски лица на функционери во државни компании и институции.

Дури три од случаевите се однесуваат на Стојчевска.

Станува збор за привременото унапредување во командир на Шумската полиција во Делчево на нејзиниот сопруг, Иљо Стојчевски, вработувањето на нејзиниот син Виктор Стојчевски во државната компанија ЕЛЕМ и за Цветан Велевски, нејзин брат, кој е вработен во РЕК Битола, дел од ЕЛЕМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мира „Дизел“, Кирацовски и СДСМ лидери: Кои 18 случаи ги отвори Антикорупциска

Мира-дизел и го зема приматот на Република Северна Македонија

„Кучето на Мира Дизел вработено во гранична полиција“: Твитер „експлодира„

Каков имот пријавила пратеничката на СДСМ, Мира Стојчевска

Фото: Фејсбук/Стојчевска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судењето на Жан Митрев закажано за 28 февруари

Редакција

Хорор во Скопје: Со нож ја бодел мајка си, па ја запалил

Редакција

Ројтерс: ЕУ веќе не е усогласена за гаранциите за членство на шесте земји од Западен Балкан

Редакција