еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

За време на Ковид-19 се купувале луксузни службени возила, а цените на исти производи варирале и до 500%

Центарот за граѓански комуникации го објави Извештајот за јавните набавки за заштита од Ковид-19, изработен врз основа на длабинскимониторинг на постапките за јавни набавки на стоки, услуги и работи чии договори се склучени во второто полугодие од 2021 година.

Мониторингот ги детектираше следниве клучни проблеми и ризици од корупција:

Јавните набавки поврзани со Ковид-19 и во второто полугодие од 2021 година, односно и по повеќе од една година од почетокот на кризата, изобилуваат со проблеми и ризици од корупција.

Проценетите вредности на набавките и натаму се многу повисоки од цените добиени на тендерите, што може да упатува на ризикот од намерно оставање простор за склучување договори по повисока вредност за да има доволно пари и за корупција.

Кога има еден понудувач или останува еден понудувач по елиминирање на другите понуди во фазата на евалуација, речиси без исклучок понудената цена се совпаѓа или е многу блиску до проценетата вредност на набавката иако таа не е јавно објавена, што упатува на претходно вонзаконско договарање меѓу институциите што набавуваат и фирмите понудувачи.

И натаму има големи разлики во цените за исти производи, набавени во ист временски период, што се движат и до 500 %.

При набавката на реагенси, постои долгорочна зависност од фирмата чијшто апарат за тестови го користи институцијата, што содржи ризик од плаќање високи цени за реагенсите и можност за корупција.

Постои слаба документираност на и онака нетранспарентните постапки со преговарање без објавување оглас.

Ангажирањето надворешни лица и фирми за спроведување на јавните набавки носи високи ризици од судир на интереси и корупција.

Како јавни набавки за Ковид-19 се набавувани производи што не можат лесно да се доведат во врска со пандемијата, како, на пример, службено патничко возило со кожен волан, шест звучници и металик боја.

Овој извештај е изработен врз основа на длабински мониторинг на 40 постапки за јавни набавки на стоки, услуги и работи за заштита од Ковид-19, чии договори се склучени во второто полугодие од 2021 година, односно од 1 јули до 31 декември 2021 година.

Опфатените постапки претставуваат 52 % од сите тендери за Ковид-19 во периодот на мониторингот (вкупно 77 тендери).

Вредноста на мониторираните тендери изнесува 1,25 милиони евра, што е 30,4 % од вредноста на сите тендери за Ковид-19 во анализираниот период (4,1 милиони евра).

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Оливер Спасовски и Мила Царовска можни технички премиери

Редакција

Општина Маврово и Ростуше бара прогласување кризна состојба по зголеменото присуство на кафеава мечка

Редакција

Колку изнесува највисоката просечна бруто-плата во јуни?

Редакција