еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Дел од увозниците на јужно овошје имале шпекулативен однос кон пазарот

Дел од компаниите што увезувале јужно овошје во нашата држава намерно имале шпекулативен однос кон пазарот и тие артикли не ги појавувале со цел цената да се зголеми, појасни директорот на Државен пазарен инспекторат Стојко Пауновски, одговарајќи на новинарско прашање за високите цени во маркетите, наспроти владината одлука за најголемата маржа што може да ја применуваат на јужното овошје.

Нагласи дека контролите што ги вршат, особено кај големите трговци со јужно овошје, малку ќе мора да потрае за најпрво да се видат залихите што ги имале, а што набавувале после 11 март, со цел да се утврди најголемата маржа што може да ја користат.

„Верувам дека лимоните ќе бидат поскапи, но нема да бидат овие цени како денеска, што има и до 50 проценти разлика. Ако имале разлика во цена од 1 јануари до 11 март – 20 до 25 проценти, нивото на маржа ќе мора да го вратат на тоа ниво“, изјави Пауновски.

Според него, во најголем број случаи се почитува одлуката на Владата и во маркетите цените се вратени на ниво на 11 март годинава.

„Во случаи кога цените не се вратени, со наредба на Државниот пазарен инспекторат цените се враќаат и на рафтовите, во книговодството и во фискалниот апарат“, изјави Пауновски.

Нагласи дека има јавувања на бројот 191, од граѓани во населени места што се поодалечени за зголемување на цените на основните артикли.

„Нашите инспектори и таму постапуваат. Онаму каде што нема да извршат намалување, односно корегирање на цената со 11 март од страна на инспекторите, казните се големи. Согласно Законот за трговија изнесуваат 8 илјади евра за правно лице и 2.400 евра за одговорното лице. Затоа апел да ги почитуваат одлуките и да ги вратат цените на нивото на 11 март годинава“, изјави Пауновски.

Тој, уште еднаш упати апел до граѓаните да го користат бројот 191 и да ги јавуваат сите непочитувања на одлуката.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Корона вирусот засега на зелените пазари ги накачи цените на лимоните и кромидот

(Видео) Италијански градоначалници „полудеа“ апелирајќи да се остане дома поради корона вирусот

СЗО: САД би можеле да станат епицентар на пандемијата на корона вирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Кирк Даглас им подарувал училишен прибор на децата од Егејска Македонија

Редакција

Затвореници во затворот во Струга дилале кокаин низ цела Македонија

Редакција

Едно лице загина, а друго е повредено во сообраќајка на патот Неготино – Кавадарци

Редакција