еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Ден на независноста по 28. пат: Алчноста на политичарите главна кочница на Македонија

Нашата земја денеска го прославува Денот на независноста – 8 септември, кога пред 28 години околу милион македонски граѓани односно убедливо мнозинство од 95% позитивно одговорија на референдумско прашање: „Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија“?

За жал, оттогаш наваму секоја година спласнува еланот кој се чувствуваше во воздухот на прославата по повод успешниот рефередум за осамостојување која се одржа на плоштадот „Македонија“ во Скопје.

Наместо да бидат горди на својата држава, денес голем број граѓани се целосно разочарани и бараат начин како да ја напуштат земјата. Една од главните причини за тоа е што земјата никако не може да излезе од јамката на теснопартиските интереси кои имаат приоритет меѓу политичарите и кои се подготвени да ги реализираат дури и по цена на загрозување на правниот и државниот поредок.

Всушност, ставањето на партиските над државните интереси во овој период стана практика.

Најдобар показател за тоа е што и по 28 години од воведувањето на повеќепартискиот систем во земјава ние се уште зборуваме за реформи во администрацијата, судството, здравството, земјоделството…

Наместо вести за подобар стандард и перспектива за квалитетен живот на македонските медиуми од осамостојувањето до денес постојано се вртат наслови за политички афери, криминал, загадување, поттикнување национализам…

Поради тоа животот во земјава станува неподнослив, бидејќи на граѓаните им е преку глава од лажни ветувања, осмислени политички манипулации и користењето на парите од даночните обврзници за лично богатење.

Затоа крајно време е за радикални промени и освестување во македонската политика дека државата не е цицка која набрзина треба да се измолзи и дека е потребна порамномерна распределба на капиталот, бидејќи се уште има стотици илјади граѓани кои живеат во сиромаштија или се на нејзиниот праг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Каков беше патот до осамостојувањето на македонската држава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јордан, Чиле и Колумбија ги повлекоа амбасадорите од Израел поради нападите на Газа

Редакција

Германското вештачење за пожарот во тетовска болница готово, се чека преводот на извештајот

Редакција

(Видео) Филмот „Пред дождот“ не ми излегува од мислите, вели Глен Клоуз

Редакција