еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Денеска ќе се одржи организирана тура во трчање низ пределот каде што беше снимен „Медена земја“

„Трекс“ денеска со почеток во 9 часот наутро прават отворена треил трчанка низ пределот каде беше сниман македонскиот документарен филм „Медена земја”.

„Планот е да се истрчаат околу 30 километри на релација Дурфулија – Кишино – Беќирлија – Хисар – Дурфулија. Патеката би имала околу 1.000 метри висинско искачување низ ридест терен, но може да се очекуваат и авантуристички секции.

Настанот е отворен за секој што се чувствува спремен да истрча некоја слична дистанца. На терен ќе се формираат една или две групи во зависност од компактноста и темпото на движење.

Задолжителна опрема – ранче, јакна, ракавици, капче, вода, нешто ситно за јадење, лажичка за мед и добро расположение. Ќе следиме прогноза дополнително и ќе утврдиме ако е потребно нешто повеќе.

По трчањето може да одиме и на ручек, а секако, вечерта гледаме Оскари!! Доволен е фер исход – 50/50),“ велат организаторите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Медена тура: Воодушевени од Атиџе, велосипедисти возеа до нејзиното село Бекирлија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Подготвен за најголемиот спортски настан во Македонија? Пријавувањето за 15-от Виз Ер Скопски маратон, официјално отворено

Редакција

(Фото) По Дебар Маало и Капиштец си доби шарена зграда

Редакција

Цементарница УСЈЕ обезбеди спортска опрема за македонските спортисти кои учествуваат на Специјалната Олимпијада

Редакција