еМагазин
Image default
Македонија

Денеска координација кај Џафери: Ќе се формира ли „Интерпартиско парламентарно тело за помирување и интеграција“

Денеска ќе се одржи координација на претседателот на Собранието, Талат Џафери со потпретседателите на Собранието, координаторите на пратеничките групи и претставниците на политичките партии кои не се организирани во пратенички групи, информираа собраниските служби.

„По иницијатива на независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за „Подобра Македонија“, координацијата ќе биде со една точка на дневен ред, односно формирање на „Интерпартиско парламентарно тело за помирување и интеграција“. Координацијата ќе се одржи во сала на Влада, со почеток во 11 часот“, се вели во соопштението на собраниските служби.

Фото: Собрание на РМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Двајца пациенти од автобуската несреќа ќе бидат пуштени на домашно лекување, денеска пристигнуваат уште тројца

Редакција

Ако не бевме дел од антифашистичката коалиција, денес немаше да имаме своја држава, вели Пендаровски

Редакција

Попис: Како Бугари во Македонија се изјасниле 3.504 лица

Редакција