еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Нови 127 заболени од корона вирусот, најголем дел од Скопје 67

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 702 тестирања, а регистрирани се 127 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-67, Куманово-1, Дебар-1, Штип-33, Тетово-10, Струга-5, Охрид-6, Кочани-2, Пробиштип-2.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 3.152, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.343.

По завршени епидемиолошки анкети, еден од позитивните случаи вчера регистриран во Куманово е од Скопје, велат од Министерството.

Согласно тоа последната дистрибуција по градови е следна: Скопје 1.332, активни 720, Куманово 556, активни 139, Дебар 53, активни 2, Штип 207, активни 169, Прилеп 218, активни 27, Тетово 291, активни 127, Струга 103, активни 30, Велес 144, активни 30, Битола 30, активни 3, Охрид 37, активни 20, Кавадарци 6, активни 1, Гостивар 50, активни 28, Гевгелија 6, активни 2, Струмица 5, активни 2, Крива Паланка 7, активни 1, Радовиш 4, активни 0, Крушево 3, активни 0, Кочани 53, активни 22, Пробиштип 7, активни 5, Демир Хисар 1, активни 0, Македонски Брод 2, активни 0, Пехчево 3, активни 0, Берово 2, активни 1, Валандово 3, активни 2, Виница 3, активни 1, Делчево 1, активни 0, Кратово 3, активни 1, Свети Николе 3, активни 2,  Кичево 3, активни 1, Неготино 16, активни 7 (*9 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија).

“Направените 702 теста се преку: Институт за јавно здравје –440 , ЦЈЗ Скопје-24 , Авицена –0 , Биотек – 0, Жан Митрев (Филип Втори) –91 , Систина со PCR метода –66  и МАНУ -81.

Досега во земјата се направени вкупно 37.027 тестирања на Ковид -19.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 28 теста се во рамките на скринингот во градинки во Кочани, нема позитивни на Ковид-19.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 12 нови, а вкупно хоспитализирани 71 пациент. На кислородна поддршка се 39 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 10 нови, а вкупно хоспитализирани 42 пациенти. На респираторна машина се 8, a со потешка клиничка слика се уште 7 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 13 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат 2 пациенти.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 24 пациенти.

На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 39 пациенти – позитивни и сомнителни на Kовид-19“, велат од Министерството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Центар го надмина Бутел по бројот на заболени од корона вирусот, во Чаир најмногу 168

Починаа уште тројца пациенти од корона вирусот, вкупната бројка изнесува 156

Убава вест: Оздравени уште седум пациенти од корона вирусот, вкупната бројка е 1.653

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Етно-куќа „Благибог“ – прекрасна можност за „бегство“ во Мариово

Редакција

Ски-картите за Попова Шапка, ќе важат и за следна сезона

Редакција

Османи: Ќе кажеме наш став за францускиот предлог кога ќе дојде време за тоа

Редакција