еМагазин
Image default
Локално

Денеска повторно протести: Еве кои улици во Скопје ќе бидат блокирани

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста, дека денеска од 17 часот е закажан протест во Скопје организиран од страна на политичка партија со релација на движење од плоштадот ВМРО, десно по улицата Даме Груев, право по улицата Васил Главинов, право по булеварот ВМРО, лево по булеварот Илинден до пред зградата на Влада.

„Од  тие причини ќе бидат превземени мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на централното подрачје на Град Скопје во периодот непосредно пред и за време на одржување на протестот. МВР апелира  до граѓаните  да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници“, се вели во соопштението на МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нападнат новинар во зградата на МРТ

Редакција

Скопјанец сакал да и пресуди на мајка си со секира

Редакција

Се отвара влезот на Охрид кој беше затворен поради градежни работи

Редакција