еМагазин
Image default
Бизнис

Денеска се отвора Меѓународниот аеродром-Скопје, а утре охридскиот

Денеска со лет на „Виз ер“ се отвора Меѓународниот аеродрoм – Скопје, а утре чартер лет со туристи од Холандија и Полска ќе го отворат аеродромот во Охрид.

Генералниот директор на ТАВ – Македонија, Алпер Ерсој неодамна изјави дека протоколите се подготвени по сите светски стандарди. Патниците мора да дојдат три часа пред летот зашто проверките поради заштитните мерки се малку позабавени.

Во авионите нема да има ограничување на местата за седење, патниците ќе мора да носат заштитни маски за цело време на летот, а кабините на авионите се опремени со специјални хепа филтри кои уништуваат 99,9 отсто од вирусите и бактериите.

Ерсој најави засилени хигиенски мерки во зградата на аеродромот и од тие причини патниците ќе влегуваат од еден влез, без никакви придружби.

Патниците кои ќе пристигнат во земјава, немаат никакви ограничувања во однос на правење на тестови за корона вирусот или пак да бидат во карантин.

Патниците ќе мора да ги почитуваат принципите на дистанца, задолжително носење на маска и дезинфекција на рацете.

Во зградата е поставена и термална камера на влезот од ТАВ, за да се прави термален скрининг на сите патници кои доаѓаат во земјава. Собата за изолација и понатаму ќе функционира, за патниците кои имаат покачена телесна температура. Вработените од Центарот за јавно здравје ќе можат да индицираат и тестирање на патниците на кои ќе утврдат дека тоа е потребно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Виз Ер“ на 1 и 2 јули ги отвора аеродромите во Скопје и Охрид

Фото: ТАВ Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Словенечка Заваровалница Триглав достави барање за трето пензиско друштво на пазарот

Редакција

Град Скопје бара агенција за привремени вработувања

Редакција

Македонија може да изгуби над милјарда евра ако ги изгуби арбитражните постапки, открива ДЗР

Редакција