еМагазин
Image default
Македонија

Денеска селекција, а утре избор на нови членови на Антикорупциската комисија

Во Собранието денеска треба да се состане Комисијата за селекција, која треба да го изврши да го изврши рангирањето на кандидатите за идни членови на Државната комисија за спречување на корупцијата.

Секој член од Комисијата за селекција ќе даде оценки за 57-те кандидати кои ги поминаа интервјуата.

Секој кандидат може да добие максимум 100 поени. Искуството и достигнувањата во борбата против корупцијата носат максимум 40 бодови, а 60 бодови кандидатите можат да добијат врз основа на тоа како се покажале на интервјуата.

По рангирањето, ранг листата треба да биде објавена и доставена до Комисијата за избори и именувања која треба да го потврди изборот на седумте кандидати со најмногу бодови кои ќе влезат во новиот антикорупциски состав, по што тие треба да бидат усвоени на пленарна седница.

Со оглед на тоа што за членовите на Антикорупциската комисија треба да се гласаат со двотретинско мнозинство, потребно е да се постигне договор меѓу политичките партии. Новите антикорупционери треба да бидат изгласани на пленарна седница најдоцна утре, бидејќи претседателот на Собранието  треба да ги распише претседателските избори.

Согласно новите ингеренции, Антикорупциската комисија која би била избрана ќе треба да го мониторира и изборниот процес во делот на финансирањето на политичките партии за време на претстојните претседателски избори.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Џабе толку фама околу Антикорупциска, ако идните членови не работат како што треба

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Аеродром и Гази Баба на врвот според активни случаи на Ковид-19: Детален преглед по скопските општини

Редакција

СДСМ го задржува бројот на министри, имаме поголемо парламентарно мнозинство, велат од партијата

Редакција

(ВИДЕО) И сопругот на Данела Арсовска, Ангел, имал бугарско државјанство, тврдат од СДСМ

Редакција