еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

„Дени Интернационал“: Докажана професионалност преку навремени дневни испораки

Времето е „најскапата“ услуга која ја плаќате во светот на транспортот. Затоа навремената испорака го дава и првиот сигнал во препознавање на квалитетот и во сериозноста на услугата. Но, ова е само дел од вредноста што брендот на успешен превозник може да ја носи. „Дени Интернационал“ е македонска компанија, која во изминативе речиси три децении, создаде успешен бизнис базиран врз професионален однос и задоволство на клиентите.

Гаранциите кои ги дава компанијата за сигурноста на навремените испораки во меѓународниот сообраќај и при локална дистрибуција се препознатлив знак на брендот.

Секогаш сериозни во пристапот кон клиентите, компанијата обезбедува 24- часовна поддршка во текот на целата недела и постојано следење на возилата, независно дали се во земјава или во странство. Успешно соработува и со најголемите шпедитерски куќи во земјава и странство, пришто располага и со комплетно ЦМР осигурување.

Со клиентите се трудат да воспостават и изградат партнерски однос во којшто „Дени Интернационал“ внимава на оптимизацијата на рутата за испорака на робата со цел да нема задоцнети пратки или непотребно потрошено време на камионот и на возачот.

Дури и кога роковите за испорака се тесни, или станува збор за итни или приоритетни испораки, компанијата превзема одговорност за навремена и сигурна испорака. Треба да се нагласи и дека превозникот посебно внимание посветува навремено да достави точни информации за транспортот до клиентот, а подеднакво важни за навремената испорака е и професионалниот однос на возачите кои ги вработува компанијата.

Во „Дени Интернационал“ велат дека задоволството и препораката од клиентите се нивната  најголема мотивација којашто им овозможи да растат и да се развијат во македонски транспортен гигант што денес вработува над 380 професионално обучени лица. Нивната посветеност и професионалност гарантираат континуиран квалитет на услугата 24 часа дневно и 7 дена во неделата.

Секогаш расположени да ги исполнат барањата на клиентите. Особено внимание се посветува на исправноста на околу 130 товарни возилата опремени за меѓународен транспорт и локална дистрибуција на различни видови стока. Големиот возен парк и оптималното планирање на транспортот помага и за намалување на трошоците за превозот.

Голема потпора за високиот квалитет на услугите кои „Дени Интернационал“ ги нуди обезбедува и магацинскиот простор од над шест илјади метри квадратни и 6,5 илјади метри квадратни отворен простор каде се складира стоката.

„Наша гаранција е преземање на обврската за онаа стока што нема да стигне според договореното со клиентот. Нудиме услуга која е прилагодена на потребите на клиентот и на спецификите на пазарот со цел да обезбедиме брза и навремена испорака. Професионалниот однос е нешто на што сме горди како македонска компанија која успешно работи надвор од границите на Македонија. Секогаш сме фокусирани да го постигнеме највисокото можно ниво за клиент да биде задоволен. А, она што клиентот го интересира е сигурен, брз и безбеден транспорт. Ние може да го понудиме сето ова со предзнакот најсигурен, најбрз и најквалитетен превоз на домашниот пазар “, вели Златко Чадиноски, заменик извршен директор во „Дени Интернационал“.

Компанијата „Дени Интернационал“ нуди збирен транспорт од и до сите дестинации во Европа, но секако нудат и поединечен транспорт согласно потребите на клиентите. Всушност, компанијата нуди комплетни логистички решенија.

*КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои се предлозите за нови членови на Управниот одбор на „Пекабеско“?

Никола Осило

Твитер му „закачи“ нов алијас на министерот за надворешни работи: Никола Димитров – Никиликс

Никола Осило

(Фото) Каде е и што прави познатата манекенка и лото-девојка Натали Грубовиќ

Редакција