еМагазин
Image default
Македонија

Дерковски не ги слушнал „бомбите“ од разговорите со Јанакиески

Претседателот на ДИК Оливер Дерковски, чие име денеска се слушна во судницата во Кривичниот суд во еден од разговорите што беа презентирани поврзани со предметот „Титаник“, изјави дека секогаш работел во согласност со позитивните законски прописи и дека не знае точно за кој и за каков разговор станува збор бидејќи се уште ги нема материјалите.

– Да, слушнав и јас дека се спомнало моето име. Не сум чул, не сум преслушал, не сум видел како точно тоа било… Меѓутоа, можам да ви кажам дека во изминатите години сум се слушал со многу луѓе на телефон, сум зборувал, и луѓе барале од мене нешто и секакви идеи постоеле, меѓутоа јас можам да кажам одговорно дека секогаш сум постапувал согласно позитивните законски прописи. И сигурно сум постапил и тогаш кога од мене се барало можеби нешто што не е во согласност со законот, рече Дерковски.

Ова, според него, нема да има никакво влијание врз неговата работа во ДИК.

– Кај мене воопшто нема влијание во мојата работа во ДИК, а доколку имал некој таква намера тоа е негов проблем. Значи, на мене не може да влијае затоа што јас во текот на мојот цел работен век работам, функционирам почитувајќи ги законите на Република Македонија и ќе продолжам така, а кои се намерите не би навлегувал. Се работи за судска постапка и не е добро да коментираме, рече Дерковски.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Регистрирани првите случаи во Прилеп: Сопружници заболеле од корона вирусот

Редакција

Продолжува судењето за насилството во Собрание

Редакција

Мицкоски на Фејсбук повика на одложување на изборите

Редакција