еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Бројката порасна: Десет поранешни пациенти на штипска ортопедија се заразиле со хепатитис Ц

Десет  поранешни пациенти, кои биле хоспитализирани на Ортопедското одделение на Клиничката болница – Штип, се заразиле со вирусот хепатитис Ц. Бројката се искачи откако деновиве се откриени двајца нови пациенти, кои откако ја слушнале или ја прочитале веста во медиумите самоиницијативно побарале да се прегледаат и да им се направи анализа на крвта.

Директорката на Центарот за јавно здравје – Штип Марија Димитрова вели дека со двајцата нови пациенти, бројот на заболени од вирусот Хепатит Ц изнесува десет. Забележува дека ја следат состојбата со поранешните пациенти на Одделението за ортопедија во Клиничка болница-Штип, побарале помош и од колегите од Скопје со цел, како што вели, да се открие изворот на заразата на пациентите, на кои заеднички им е што биле пациенти на Ортопедија.

Директорот на Клиничка болница – Штип Ален Ѓеорѓијев вели дека потврдата за двајцата нови пациенти заболени од Хепатит Ц ја добил денеска, а изминатиот период направена е и обука на персоналот.

Комисијата за интерхоспитални инфекции по стерилизацијата и вонредните контроли го продолжи мониторингот на ова одделение, а спороведе и доплнители обуки за целиот медицински и немедицински персонал, рече Ѓеорѓијев.

Заразените поранешни пациенти на Ортопедија се повозрасни мажи и жени, од различни градови во источниот регион од државата. Заеднички им е што претходно биле пациенти на Ортопедија, едни оперирани, а дел и неопрерирани. Откако е откриена заразата од Инфективното одделение, болницата од 1 септември ги смени и протоколите за предоперативни зафати. Дополнителни епидемиолошки истражувања треба да го утврдат изворот на заразата.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шест поранешни пациенти на Штипска ортопедија заболени од Хепатит Ц

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Град Скопје поденесе тужба против „Слобода превоз“ и „Макекспрес“

Редакција

Мода од Свети Николе ги објави примањата на Одборот на директори

Редакција

Во новиот K MALL трговски центар во Ѓорче Петров божиќен базар и попусти до крај на годината

Редакција