На 23.08.2018 година во периодот од 17:30 до 19 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во фарма сопственост на К.М.(52) од с.Корошишта, Струшко, на место викано „Вогељ Чешме“, атар на с.Корошишта, информира МВР.
При претресот, под пластениците биле пронајдени 10 стебла најверојатно од растението „Канабис Сатива“. К.М. бил лишен од слобода, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.