еМагазин
Image default
Македонија

Дескоска: Грчкото министерство за правда сѐ уште без одговор на барањата за екстрадиција на Грујевски и Бошковски

Министерството за правда на Грција сѐ уште е без одговор на барањата за екстрадиција на Горан Грујевски и Никола Бошковски, што се клуч во судскиот процес, вели за ethnos.gr, министерката за правда, Рената Дескоска од Солун, по учеството на првиот „Thessaloniki Regional Forum“, јави дописничката на МИА од Атина.

-Неколку пати, официјално го испративме нашето барање до Министерството за правда на Грција, но не добивме никаков одговор од грчкиот министер. Последен пат кога испративме документ беше минатиот ноември, а се очекува одново да го поставиме прашањето до грчките власти. Двајцата се клуч за судскиот процес на Никола Груевски, вели Дескоска за ethnos.gr.

Во мај минатата година, Врховниот суд на Грција, повикувајќи се на амнестијата од претседателот Ѓорге Иванов, го одби барањето на македонските власти за екстрадиција на Горан Грујевски и Никола Бошковски.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ковачевски во Минхен се сретна со Лајен, Шолц, Столтенберг и Пелоси

Редакција

Утре почнува судењето за шестмина обвинети за насилните протести за пресудата за „Монструм”

Редакција

Екс-обвинителот Марко Зврлевски отвора адвокатска канцеларија

Редакција