еМагазин
Image default
Македонија

За Дескоска тоа што баџанакот на Џафери стана член на Антикорупциска не е спорно

Јас не гледам никакво прекршување на законот во постапката за избор новите членови на Антикорупциската комисија, изјави денеска министерката за правда Рената Дескоска во врска со реакциите во јавноста за изборот на Нури Бајрами за член на ДКСК, кој е баџанак на претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Според неа, ако се гледа правнo, роднинските врски со овој степен не се опфатени.

– Но надвор од тоа, дури и да се опфаќаше нема формално прекршување на законот, затоа што постапката беше според законите – рече министерката.

Останува на ДКСК, како што посочи Дескоска, дали ќе си ја врши работата совесно, чесно и така како што е пропишано со законот.

– Да оставиме време на новиот состав на Антикорупциската комисија да почне да работат и од тоа ќе се цени дали бил направен вистинскиот избор или било нешто друго во позадина, рече Дескоска и додаде дека сега тие имаат и нови надлежности – ќе ценат јавни набавки, финансирање на политички партии, изборните кампањи…

Министерката потсети дека законот за спречување на корупцијата бил носен во транспарентна процедура во консултации со европските експерти и со невладини организации, а селекцијата и изборот на кандидатите гарантирале траспарентен избор.

МИА/Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Твитер бара да се прогласи епидемија на непотизам: „Добро утро ВладаМК, чиј син, сват, ќерка, жена ќе вработите денес?“

Аџанак баџанак: Килав старт на Антикорупциската комисија

„Поради дефицит на кадри баџанакот на Талат го ставиле за член на Антикорупциска“ : Твитер се „вжешти“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Собраниската Комисија за надзор на работата на АНБ да заседава за случајот „Онишченко“, повикува Ковачевски

Редакција

Адвокатска комора на Македонија: Членот 368 од Законот за облигациони односи е спротивен на Уставот и ги прекршува човековите права

Редакција

Обвинителството отвори истрага за барокната фасада на Владата

Редакција