еМагазин
Image default
CHECK IN

Дестинација Македонија – најголемата кампања за патувања дома!

Започна најголемата кампања за патувања во државава – Дестинација: Македонија, која ја реализира водечкиот сајт за групни попусти и воедно лидер во е-трговијата Grouper.mk!

 Кампањата, која се реализира четврта година по ред, нуди огромен избор на локални патувања по неверојатно ниски цени, а на корисниците ќе им докаже дека за добро доживување и авантура не е секогаш неопходна авионска карта и ќе им ги покаже сите „скриени“ места и активности во Македонија кои чекаат да бидат истражени!

За оваа кампања, Grouper.mk креираше водич од 101 зделка со примамливи цени, за сите вистински љубители на патувањата, историјата, недопрената природа, вкусна традиционална храна и авантури, со цел да се доживее, искуси и вкуси Македонија, на вистински начин!

Патувачите оваа сезона ќе имаат прилика да уживаат во огромен број на локации, сместувачки капацитети и доживувања, меѓу кои и Bestseller хотелите во прекрасна природа како Радика Маврово и Калин Лазарополе, релаксирачките спа центри на Хотел Изгрев Струга и Хотел Тино св.Стефан во Охрид, вкусна храна и добро вино во винарија Стоби и Попова кула, па сé до летање со параглајдер и јавање коњи на Галичник.

Кампањата Дестинација Македонија која ќе трае од 24 септември па сè до 15 ноември 2018, се очекува да биде најдобра до сега, со многу подароци, изненадувања и големи попусти!

Од север до југ, од исток до запад, ќе следи период на незаборавни патувања и авантури кои секогаш ќе се паметат! Видеото подолу е само уште еден момент плус, кој ќе ве поттикне оваа есен да прошетате низ Макеоднија, зошто како што вели Марјан Ѓорѓиевски – “Ни самите не сме свесни колку места има низ Македонија кои не ги познаваме”, па затоа време е да ја истражиме!

Исто така, за време на кампањата, Grouper во партнерство со Mastercard најавува дополнителна заштеда за сите оние патувачи кои ќе купат некоја од зделките од Дестинација Македонија со својата Mastercard картичка.

Повеќе информации за кампањата и изненадувањата кои ги подготви Grouper.mk можете да најдете на нивниот блог.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Ресторан „Амбиент“, место кое вреди да се посети и да се ужива во амбиентот

Редакција

(Галерија) Кафана Лантерн, во срцето на Дебар Mаало во ново рувo

Редакција

Босфорус е еден од најбараните хотели во Сиде: Посебен концепт на одмор, дизајн на хотелот и врвна услуга

Редакција