еМагазин
Image default
Македонија

Детален преглед: Активни пожари во Делчевско, Скопско, Прилепско и Кумановско, во Беровско ставен под контрола

Пожарот во атарот на Делчевско е активен при што се појавиле нови жаришта и тоа едното кај селото Разловци, а другото кај селото Нов Истевник. Се преземаат активности за надминување на состојбата, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК) во извештајот за состојбата со пожарите во земјава во 8:00 часот.

Оттаму нагласуваат дека според известувањето од ТППЕ Берово, сите пожари на беровска територијата се локализирани и ставени под контрола, а во текот на денов ќе се догасува на ризичните места.

-Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје, со 5 пожарникари и 2 ПП возила, од 15:30 часот интервенираат на гасење на мешана шума во село Раовиќ, Општина Сарај, а со 5 пожарникари и 2 ПП возила интервенираат на запалена дабова шума во село Дивље и местото викано Крушје во Општина Петровец. Овој пожар беше и кај село Џидимирци, Општина Велес, каде е локализиран, соопшти ЦУК.

Во Општина Прилеп, се додава во соопштението, пожарот во атарот на селата Дрен – Смолане во моментот е ставен под контрола. Во гаснењето на пожарот интервенирале ТППЕ Прилеп 9 пожарникари, Затвор Прилеп 12 лица, ДЗС Прилеп и Битола 13 лица, АРМ 20 припадници, Шумско Прилеп 6 лица и месно население 1 човек. Од утринските часови на терен се ТППЕ Прилеп со 10 пожарникар со 2 ПП возила.

Пожар има и во атар на селата Жељувино и Дренок во Општина Старо Нагоричане. Интервенирале ТППЕ Старо Нагоричане со 4 пожарникари со теренско возило со цистерна, ТППЕ Куманово со 3 пожарникари и 1 ПП возило, ШС Куманово со 4 лица и 5-6 лица од месно население. Во моментов на местото нема оган и пламен, само има дим.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Пресечен меѓународен канал за трговија со хашиш, приведен албански државјанин

Редакција

Врховен одлучи: Томор Морина нема да биде екстрадиран во Србија

Редакција

А1он: „Пајакот“ нема кривично да одговара за нападот на полицајката

Редакција