еМагазин
Image default
Македонија

Детален преглед: Болниците стануваат преполни со заболени од Ковид-19

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 20 пациенти, информира Министерството за здравство.

Вкупно се хоспитализирани 115 пациенти. На кислородна поддршка се 90 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 7 деца и 5 мајки позитивни на Ковид-19, 3 деца и 3 мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември” има 7 приеми, а вкупно хоспитализирани се 47 пациенти. На респиратор се 4 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 43, а во болницата во Штип се 53 пациенти.

На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани и Кавадарци се хоспитализирани 262, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Починаа уште 12 лица од Ковид-19, вкупно 874

Убава вест: Оздравени 143 лица кои боледувале од Ковид-19

Нови 640 случаи на Ковид-19, најмногу во Скопје

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Лога и Села контра Таравари на изборите Алијанса за Албанците да настапи со албанската опозиција, Меџити го поддржува

Редакција

Македонија останува во кризна состојба до 30 јуни

Редакција

Судење „Титаник“: „Бомбите“ открија дека на една адреса се воделе по 50 луѓе

Редакција