еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Детален преглед: Целосно отсечени села и непроодни патишта поради снежните врнежи

Снежните врнежи во Македонија предизвикаа голем број проблеми за граѓаните на повеќе села до кои патиштата се непроодни, а во некои од нив нема ниту струја.

Според информациите од Владата има голем број непроодни или тешко проодни патишта.

Скопски регион

Патниот правец кон повисоките населени места на Скопска Црна Гора, односно селата Брест, Танушевци и Малино (опш.Чучер Сандево) не е прооден, а истите села немаат и електрична енергија.

Битолски регион

Заради новите врнежи од снег сообрајќајот се одвива отежнато, во зимски услови. Воведена е забрана за тешки товарни возила на патниот правец Битола – Ресен (планински превој „Ѓавато“).

Охридски регион

Во општина Македонски Брод и Пласница локалните патни правци кон селата Битово, Растеш, Заград, Волче, Ботушје, Бенче, Лупште, Звечан, Инче, Требовље, Брест, Косово, Рамне, Брезница, Могилец, Калуѓерец, Томино село и Сушица се проодни за теренски возила со зимска опрема.

Во општина Струга, патниот правец што ги поврзува селата во Малесија осносно патниот правец од с.Присовјани до хидроцентралата Глобочица е непрооден.

Кумановски регион

Во општина Старо Нагоричане единствено регионалниот патен правец кон Р.Србија – Пелинце е прилагоден за движење, додека патните правци кои гравитираат кон селата во козјачијата се тешко проодни.

Во општина Липково, тешко проодни се патните правци кои гравитираат кон повисоките села Гошинце, Лукаре и Малино.

Во општина Крива Паланка, магистрален пат Ранковце – Крива Паланка – Граничен премин Деве Баир е прооден во зимски услови. Регионален пат Крива Планка – с.Огит и Крива Паланка – с.Луке, во општина Крива Паланка, се проодни во зимски услови.

Регионален пат Ранковце – с.Герман е прооден до с.Пклиште додека од с.Пклиште до с.Герман е непрооден.

Локалниот пат од с.Дурачка река м.в.Метоф кон с.Дренак е непрооден Отсечено е с.Дренак во општина Крива Паланка.

Тетовски регион

Воведена е забрана за движење на тешки товарни возила на патните правци Гостивар – Стража – Кичево, Гостивар – крак Маврово – Дебар, Тетово – Попова Шапка со напомена дека за Попова Шапка има и забрана за движење за автобуси, а за другите пмв потребно е да се стави зимска опрема – ланци.

Во под шарпланинските села Вејце, Бозовце, Бродец и Вешала движењето е отежнато во зимски услови со употреба на зимска опрема.

Во ЕЛС Теарце локалните патни правци се проодни освен патот за селата Варвара и Брезно.

Во ЕЛС Брвеница отежнато е движењето за с.Гургурница.

Во ЕЛС Боговине се очекува да биде пробиен патот до повисоките планински села – Раковец, Ново Село, Урвич и Јеловјане.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Услови за настава со физичко присуство исполнуваат 169 училишта

Редакција

(Фото+видео) Како изгледаше уништувањето на 10 тони дрога во Макстил

Редакција

(ВИДЕО) Македонските средношколци со бојкот на наставата против загадувањето

Редакција