еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Детален преглед: Ќе има ли надзорна расправа за државните пари што се одлеваат кај адвокати блиски до власта?

Собраниската Комисија за финансисрање и буџет на денешната седница треба да ја разгледа предлог-одлуката за одржување на надзорна расправа на тема: „Склучени договори за консултантски, адвокатски и нотарски услуги со Влада и органи на државната управа, како и претпријатија со целосна, доминантна или делумна сопственост на државата“ поднесен од пратеникот Никола Мицевски.

Во него, се бара расправа по сомнежите дека државни органи во четири очи склучуваат договори за адвокатски и консултантски услуги и ангажирање адвокатски друштва кои се во сопственост на лица – носители на јавни функции или во родниснки врски со лица – носители на јавни функции.

„Поради наведените сомневања дека се фаворизираат одредени адвокати и адвокатски друштва на Комисијата за финансисрање и буџет и предлагаме одржување Надзорна расправа со цел да се зголеми транспаретноста и да видиме колкав износ на финансиски средства имаат добиено адвокати или адвокатски друштва на лица кои вршат јавни функции или нивни роднини“, се вели во документот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во работните групи со Бугарија и го повика Османи на собраниска комисија

Редакција

Нови 1.320 случаи на Ковид-19, од 4.738 тестирања

Редакција

Фестивал на чај, лековити билки и есенцијални масла од 17 до 19. ноември во Скопје

Редакција