еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Детален преглед: Големи разлики во приходите и платите кај ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ

Државниот завод за ревизија ги објави извештаите по контролата на сметките за редовно работење на најголемите политичкии партии – СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

Во нив се прикажани приходите и расходите на партиите за 2018 година, меѓу кои и трошоците за плати и надоместоци. Интересно е што дел од партиите освен од членарини, подароци и донации имаат приходи и од кирии, но и од продажба на производи и услуги.

Најголеми приходи во текот на 2018 година од 122,9 милиони денари имал СДСМ, што е речиси двојно повеќе во однос на претходната година. Од вкупните приходи, за плати биле одвоени 8,1 милиони денари.

Приходите кај ВМРО-ДПМНЕ во 2018 година изнесувале 114,7 милиони денари, што е намалување во однос на претходната година кога тие изнесувале 174,9 милиони денари. За плати во 2018 година биле одвоени 4,3 милиони денари.

Приходите на ДУИ во 2018 година изнесувале 37,9 милиони денари,што е зголемување во однос на претходната година кога тие изнесувале 21,9 милиони денари. За плати во 2018  година биле одвоени околу 3 милиони денари, што е значително зголемување во однос на 2017 година кога за оваа намена биле потрошени 1,6 милиони денари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ревизорите откриваат: ВМРО-ДПМНЕ не може да најде уметник за да му плати 380.000 евра за 271 уметничка слика

Државните ревизори откриваат дека СДСМ преку правна постапка си го бара наследството

Државните ревизори откриваат дека ВМРО-ДПМНЕ на рати отплаќа милионски долгови

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Минатата недела 93 лица починале од Ковид-19, во Скопје 40

Редакција

На иселениците „им е гајле“ кој ќе биде претседател: За гласање досега пријавени 1.074 лица, најмногу во Венеција

Редакција

Столтенберг: Руската војска прави воено злосторство, ова е најбрзорастечката воена криза од Втората светска војна

Редакција