еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Детален преглед: Какви новини носи предлог-законот за јавни набавки?

Предлог-законот за јавни набавки влезе во собраниска процедура и наскоро ќе се најде на гласање пред пратениците.

Предлог-законот има европско знаменце и создава нормативни претпоставки и основи за нов пристап во уредувањето на прашањата на јавните набавки во смисла на усогласување на нашето законодавство со законодавството на Европската унија.

Текстот на предлог – законот содржи 192 члена распределени во 11 глави.

Глава I содржи општи одредби и има седум поглавја со 42 члена.

Поглавјето 1 го утврдува предметот на уредување на овој закон, дефинициите на поимите кои се користат во законот и начелата на кои се заснова законот.

Поглавјето 2 ги уредува договорните органи и основните правила за набавка во класичниот јавен сектор и во секторските дејности.

Поглавје 3 уредува кои дејности се сметаат за секторски во областите водоснабдување, енергетика, транспорт, поштенски услуги и други опфатени дејности.

Поглавје 4 утврдува посебни ситуации, односно набавки кои се субвенционирани или кофинансирани од страна на договорни органи, посебен режим на набавки во областа на одбраната и безбедноста и комбинирани договори.

Поглавје 5 ги утврдува исклучоците од примена на законот, додека поглавје 6 содржи одредени општи правила во однос на економските оператори, примената на меѓународни договори, антикорупциски мерки и мерки за спречување судир на интереси, номенклатура и слично. Поглавје 7 содржи општи правила за примена на законот, како што се вредносните прагови, обврската за објавување, пресметување на проценетата вредност на набавка и достапност на тендерската документација во електронска форма.

Глава II се однесува на Бирото за јавни набавки и содржи четири члена без поглавја.

Во оваа глава од законот конкретно се уредуваат статусот на Бирото, раководењето со него, надлежностите на Бирото и едукацијата за јавни набавки која ја спроведува Бирото.

Глава III содржи конкретни правила за вршење на јавните набавки и има 69 члена распределени во четири поглавја.

Поглавје 1 ги уредува различните видови постапки, и тоа: набавка од мала вредност, поедноставена отворена постапка, отворена постапка, ограничена постапка, конкурентен дијалог, партнерство за иновации, постапка со преговарање без објавување оглас и постапка со преговарање со објавување оглас.

Поглавје 2 ги содржи посебните начини за спроведување на постапката, и тоа: рамковна спогодба, динамичен систем за набавка, електронска аукција, електронски каталог, централизирани набавки и повремени групни набавки.

Поглавје 3 ги пропишува видовите огласи и известувања, начинот на објавување и начинот на пресметување на роковите. Во ова поглавје, исто така, има одредби што се однесуваат на квалификациските системи кај секторските дејности, како и правила за начинот на поканување на кандидатите во постапките со претквалификација.

Поглавје 4 содржи правила за спроведување на постапка и е поделено во шест оддели. Оддел 1 содржи правила за подготовка на постапката, планирање и претходна консултација на пазарот, одлуката за јавна набавка, комисијата за јавна набавка, лицето или организацискиот облик за јавни набавки, алтернативни понуди.

Тука се и правилата за изработка на тендерската документација и техничките спецификации.

Во оддел 2 се уредени начините, критериумите и доказите за утврдување на способноста на економските оператори, додека оддел 3 го утврдува начинот на намалување на бројот на способни кандидати, понуди или решенија.

Оддел 4 ги уредува критериумите за избор на најповолна понуда, а оддел 5 ги содржи видовите гаранции што се користат во постапката за јавна набавка.

Последниот оддел од ова поглавје содржи правила за спроведување на постапката, како што се правила за подготовка и поднесување на понудите, јавно отворање на понудите, евалуација, одлука за избор и известување на учесниците во постапката за исходот од истата. Тука се содржани и условите за поништување на постапката.

Глава IV содржи правила за извршување на договорот за јавна набавка или на рамковната спогодба и има пет члена кои, меѓу другото, предвидуваат правила за подизведувачите, за изменување на договорот кој е во фаза на реализација и слично.

Глава V ги утврдува посебните услуги, како и начинот и постапките за нивно доделување. Оваа глава содржи три члена.

Глава VI содржи правила со кои се уредуваат конкурсите за избор на идејно решение и има четири члена.

Глава VII содржи два члена и го уредува прашањето за завршување на постапката, евиденција на постапките и досие од спроведените постапки.

Глава VIII ја пропишува правната заштита во постапките за јавни набавки. Истата содржи 42 члена распределени во шест поглавја.

Првото поглавје содржи одредби со кои се уредува работењето на Државната комисија за жалби по јавни набавки, нејзините надлежности и начинот на именување и разрешување на претседателот и членовите на Државната комисија.

Поглавје 2 содржи општи одредби за жалбената постапка.

Поглавје 3 содржи правила за изјавување жалба, додека поглавје 4 ја пропишува содржината и дејството на жалбата.

Поглавје 5 го уредува одлучувањето на Државната комисија, а поглавје 6 ја уредува судската заштита и граѓанско-правните одредби.

Глава XIX ја уредува управната контрола која ќе ја врши Бирото за јавни набавки, како и ревизијата која е во надлежност на Државниот завод за ревизија. Оваа глава содржи девет члена.

Глава X содржи прекршочни одредби и има четири члена, додека последната Глава XI содржи преодни и завршни одредби.

Целиот текст од предлог-законот за јавни набавки ТУКА.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Уапсен 59-годишниот маж, кој преку социјалните мрежи се закануваше дека ќе силува малолетничка

Редакција

Бизнисменот Сеад Кочан мора веднаш да се јави во затвор

Редакција

УЈП продава запленети автомобили, камиони и автобуси по багателни цени за да наплати данок

Редакција