еМагазин
Image default
Локално

Детален преглед: Кои уметници и здруженија добија пари од Град Скопје за проекти од културата?

Град Скопје ги објави добитниците на Конкурсот за финансирање на манифестации, проекти и творештво на други корисници и чинители преку кои се остварува локалниот интерес во културата за 2019 година.

На конкурсот што беше распишан на 15.10.2018 година пристигнале 411 комплетни апликации.

Пристигнатите апликации беа оценети од шест стручни комисии, составени од претставници на Град Скопје и претставници од културните институции на Градот.

„Тие водејќи се според критериумите и насоките наведени во објавата на конкурсот, одлучија Град Скопје да поддржи 231 предлог проекти, односно 56% од пристигнатите пријави. Од поддржаните предлог проекти по 46 им припаѓаат на музичката уметност и изведбените уметности, 43  областа на визуелните уметности и уметност на нови медиуми, 54 проекти од издавачката и од библиотечната дејност, 13 од музејската дејност и промоцијата на културното наследство и 29 проекти кои опфаќаат меѓународна соработка“, соопшти град Скопје.

За овој конкурс, градот издвои 16 милиони денари. Проектите што ќе се реализираат на јазици на заедниците, Град Скопје ги поддржа со 29% од вкупно предвидените буџетски средства.

Оваа година, Град Скопје посебен акцент стави на поддршката на младински и на студентски проекти.

Детална листа на проектите ТУКА.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Жичницата од утре ќе работи еден час повеќе, до 18 часот

Редакција

Кумановец ја загрозил сигурноста на пратениците со објава на Фејсбук

Редакција

Непалец во португалско возило сакал да прошверцува двајца сограѓани

Редакција