еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Детален преглед: Македонските граѓани трошат милиони на проституција

Државниот завод за статистика ги објави најновите податоци за бруто-домашниот производ – трошочен метод во кој се прикажани трошоците за финална потрошувачка на домаќинствата според класификацијата на индивидуалната потрошувачка по намена.

Податоците откриваат зголемување на средствата што македонските граѓани ги одвојуваат од семејните буџети за проституција. Имено ако во 2003 трошоците за протитуција изнесувале 1,6 милијарди денари или 0,8 отсто од БДП според трошочниот метод, во 2015 година оваа сума пораснала на 4,1 милијарда денари или 68 милиони евра, што е 1,1 отсто од БДП според трошочниот метод.

Ваквите бројки не треба да бидат изненадување ако се земе предвид дека Министерството за внатрешни работи постојано има акции во борделите претежно низ западна Македонија, а доволно е човек да помине во вечерните часови кај Македонската радио телевизија за да забележи раздвижување и присуствo на сексуални работнички и нивни клиенти.

Година         Трошоци за проституција/денари

2003             1.643.000.000

2004             1.347.000.000

2005             1.942.000.000

2006             2.109.000.000

2007             2.274.000.000

2008             2.182.000.000

2009             3.446.000.000

2010             2.325.000.000

2011             2.587.000.000

2012             2.680.000.000

2013             2.914.000.000

2014             3.289.000.000

2015             4.192.000.000

Фото: Blishak law

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Огромна направа што плута успешно почна да собира отпад во Пацификот

Редакција

Висока температура, најчест симптом кај заболените со Ковид-19 во Македонија

Редакција

Здравствените работници во Штип се разочарани и лути: Дел од лицата кои се во самоизолација, но и членови на нивните семејства се шетаат низ населените места

Редакција