еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Детален преглед: МНР објави корисни информации за нашите граѓани кои корона вирусот ги затекна во странство

Доколку сте затекнати во странство заради COVID-19, а вашиот престој станува нерегулиран или веќе е спротивен на законските прописи на државата каде сте се нашле, обратете се до Министерството за надворешни работи, соопшти МНР

Оттаму додаваат дека одредени земји воведуваат посебни регулативи заради кризата.

Контактите и корисните информации по земји Ви ги пренесуваме во целост:

Телефонски броеви во Кризниот штаб при Министерството за надворешни работи:

‪075 27 37 32  (редовна линија, Viber, WhatsApp)

‪071 25 34 30  (редовна линија, Viber, WhatsApp)

‪072 30 68 45 (редовна линија, Viber, WhatsApp)

‪075 44 66 47 (редовна линија)

Дипломатско Конзуларни Претставништва на Република Северна Македонија:

Европа

Северна Америка

Јужна Америка

Азија

Африка

Австралија и Океанија

Привремени правила за престој на македонски државјани во странство за време на COVID-19 кризата

Во контекст на пандемијата Ковид 19, одредени држави објавија нови информации кои се однесуваат на правилата за престој и/или посебни дозволи кои важат на привремена основа во периодот додека трае состојбата на пандемија. Нови информации ќе бидат додавани на листата како што истите ги добиваме од страна на надлежните служби во релевантните држави.

АЛБАНИЈА

Сите македонски државјани и странски државјани кои се затекнати на територијата на РА, за продолжување или регулирање на престој (вклучувајки и поднесување на нови барања) можат да се поднесат  со електронско барање преку линкот e-albania.al.

Воедно, информираме дека сите странски државјани пред истекот на престојот треба да го пријават нивното евентуално пречекорување на наведениот линк. барањето/одобрението се смета дека е валидно со добивање одговор дека истото е примено од страна на надлежните органи (при самото притискање на иконата за поднеси барање).

Потребните документи се исти како и за редовно поднесено барање за регулирање престој/продолжување на престој.

АВСТРИЈА

Според Известувањето од МВР на Австрија, а во светло на актуелната состојба, за странците кои не можат да заминат на време и се принудени да го продолжат својот престој на австриска територија, важи следното:

Лицата, на кои за престој до 90 дена не им треба виза како и оние за кои важи обврската за виза и на почетокот на кризата имале валидна виза и сега се наоѓаат на австриска територија, мораат австриската територија или навремено да ја напуштат или својот престој да го регулираат кај надлежните австриски власти.

Меѓутоа, доколку поради фактичките причини не е можно да се постапи по оваа обврска за напуштање, ниту пак е можно регулирање на статусот како резултат на забраната за работа со странки воведена од страна на властите, казни нема да има.

Во овој случај задоцнетото заминување нема да има никакви негативни последици во случај на издавање на идни визи. Веднаш штом состојбите повторно ќе дозволат, Австрија  треба да се напушти што е можно побрзо.

Лицата, чија дозвола за престој истекува, а аплицирање за нова не е можно, за кусо време ќе најдат повеќе информации на веб страничката за миграција (www.migration.at).

Лицата, кои имаат државјанство на ЕУ, ЕФТА, ВБ и Швајцарија можат да останат во Австрија.

Во врска со мерките за контрола на австриските граници, МВР постави информации и документи на својата интернет страничка: bmi.gv.at/news).

Дополнително, Министерството за здравство (www.sozialministerium.at) редовно става актуелизирани информации за релевантните закони, дозволи и наредби во врска со врска со корона вирусот.

АВСТРАЛИЈА

Околу регулирање на понатамошен престој на нашите граѓани, сугерираме благовремено да го продолжат престојот (со обезбедување на тн. Bridging visa) за да биде легално нивното останување во Австралија. Ја посочуваме веб страната на Министерството за внатрешни работи (Department of Home Affairs) која содржи подетални објаснувања: covid19.homeaffairs.gov.au.

Мерките околу продолжување на визите важат за сите подеднакво, а постапката во најголем дел од случаите може да се спроведе електронски (on-line).

БЕЛГИЈА

Сите државјани од трети земји спречени да ја напуштат Белгија поради моменталната ситуација, може да побараат продолжување на нивниот престој. Барањето треба да се достави до општината на нивниот моментален престој во Белгија, исклучиво преку електронска пошта.

Во случај на вонредна состојба, ова барање може да се испрати и директно до канцеларијата за странци, преку е-пошта ([email protected] за франкофонска заедница и [email protected] за фламанската заедница).

Барателот мора да ги приложи следните документи: копија од пасош, копија од документ со кој се прикажува датумот на пристигнувањето во Белгија, писмо со кое се објаснува зошто не може да ја напушти шенген зоната на закажаниот датум, може со официјално писмо од Амбасадата,           патничко здравствено осигурување кој ќе важи до времетраењето на продолжениот престој,         адреса на престојот во Белгија, е-маил адреса.

Канцеларијата за странци ќе им  достави одлука преку е-пошта, а една копија ќе достави и до општината.

Можно да има проблем за здравственото осигурување, поради тоа што белгиските компании нема да прифатат да им обезбедат здравствено осигурување-продолжено и сугерираат да побарат од осигурителната компанија во РСМ да им издадат продолжено осигурување и да им се испрати по е-маил.

Во секој случај, канцеларијата за странци ќе бидат што е можно по флексибилни, со оглед на моменталната ситуација.

БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА

Во врска со прашањето за регулирање на престојот на наши државјани затекнати во Босна и Херцеговина заради ситуацијата со корона вирусот, МНР на БиХ информираше дека сите странски државјани можат да го продолжат престојот во БиХ, при што е потребно само да се пријават во теренските канцеларии на Службата за работа со странци.

Пријавувањето подлежи на посебен режим на прием на странки, со претходна најава.

ГЕРМАНИЈА

ОПЦИЈА 1 (државјани кои мораат да имаат виза при преминување на надворешната граница):

Државјаните на трети земји чија национална виза (Д виза) или друга дозвола за престој истекува треба да поднесат барање за продолжување на дозволата за престој до соодветната канцеларија за имиграција пред истекот на времетраењето.

Поради моменталната состојба, апликацијата може да се направи преку е-пошта. Мора да бидат наведени целосните лични детали (презиме, родено презиме, име, правопис на имињата според германскиот закон, датум на раѓање, место и област на раѓање, пол, националност, број на пасош), типот на статусот/визата/дозволата и кој било архивски број од датотеката од канцеларијата за имиграција.

Веќе со апликацијата, претходниот статус сè уште важи до решението на Канцеларијата за имиграција. Со цел можни контролни ситуации, препорачливо е да ја отпечатите апликацијата за продолжување или да ја држите во друга форма, покрај тековниот/истечениот документ  и вашиот личен пасош/лична карта.

За продолжување на шенгенските визи (Ц визи) генерално е потребно лично интервју со засегнатото лице.

За да се поедностави постапката, на носителите на шенгенските визи (Ц визи) сега им се дава можност да испратат е-пошта до канцеларијата за имиграција, во која се наведуваат нивните лични детали (презиме, родено презиме, име, правопис на имињата според германскиот закон, датум на раѓање, место и област на раѓање, пол, националност, и број на пасош) за да побараат продолжување на периодот на поаѓање.

Од имиграциските власти е побарано да бидат пофлексибилни при продолжување на периодот на заминување и за тоа формално писмено да го известат подносителот на барањето.

Со цел можни контролни ситуации во Германија или при напуштање на земјата, ова известување треба да се носи покрај пасошот и визата.

Со цел да се земат предвид тековните тешкотии при патувањето дома, Федералното Министерство за внатрешни работи, за градежништво и татковина, го испитува и донесувањето на законска регулатива во врска со имателите на шенген-визите што наскоро ќе истечат или штотуку истекле, со која во еден ограничен период по истекот на визата треба да бидат ослободени од обврската да поседуваат дозволи за престој.

Во моментов не е можно да се предвиди дали и кога оваа уредба ќе стапи во сила. Дотогаш, се препорачува да се постапува како што е опишано погоре во случај на истек на Шенген визата ако излезот е во моментот невозможен.

ОПЦИЈА 2 (државјани кои се ослободени од барањето за виза при преминување на надворешните граници):

Граѓаните на кои им е дозволено да влезат и да останат во шенген-зоната 90 дена во рок од 180 дена без виза, мора да се вратат во нивната земја на потекло по крајниот рок.

Доколку тоа не е можно заради тековните околности, тие луѓе треба да се јават во канцеларијата за имиграција на нивното живеалиште пред да истечат 90 дена и да ги достават своите лични детали (презиме, родено презиме, име, правопис на имиња во согласност со германскиот закон, датум на раѓање, место и област на раѓање, пол, националност, број на пасош) – исто така преку е-пошта – со цел да го легализираат нивниот престој.

Со оваа апликација се активира измислен ефект, со резултат дека до решението на имиграцискиот орган за апликацијата, престојот се смета за дозволен.

Со цел можни контролни ситуации во Германија или при напуштање на земјата, препорачливо е да ја отпечатите апликацијата за продолжување или да ја држите во друга форма, покрај доказите за истечениот престој во вашиот личен пасош / лична карта.

Ова важи и за државјани на трети земји од државите споменати во Дел 41 (1) од Законот за престој кои влегле во Германија без виза според оваа регулатива.

Доколку засегнатото лице веќе има одобрение од Федералната агенција за вработување и поднело барање за дозвола за престој, тоа може да се вработи согласно утврденото во одобрението на Федералната агенција за вработување.

Ова не важи за државјани на трети земји од државите споменати во Дел 41 (1) од Законот за престој кои влегле без виза и сè уште не поседуваат одобрение од Федералната агенција за вработување. Од нив се бара да контактираат со надлежните органи за имиграција.

ГРЦИЈА

Грција информира дека според законодавството на ЕУ кое моментално е во сила, дозволата за престој може да биде продолжена единствено во случаи кога се доставени докази за т.н. „виша сила“ односно „force majour” или хуманитарни причини, кој ги спречува да си заминат пред истекувањето на валидноста на нивната дозвола за престој или пред истекот на периодот во кој им е дозволен престој.

Сите одлуки за продолжувања врз основи на виша сила „force majour” или хуманитарни причини, според Визниот правилник, прирачникот и/или Националното право за миграција се предмет на индивидуална проценка спроведена од страна на соодветните служби на грчката полиција, засновано на потребата за посебен исклучок (на пример. Во случај на сериозна болест или доколку остануваат во карантин).

Доколку овие услови не се исполнети, државјаните на трети земји кои останале подолго од нивниот дозволен престој во Шенген зоната од 90 дена во период од 180 дена, ќе бидат предмет на соодветните административни мерки.

ДАНСКА

Во моментов не е возможно продолжување на визи за краток престој, поради тоа што имиграсиските служби на Данска се затворени за посетители. Исто така не е возможно да се поднесат пријави по електронски пат, ниту пак кај Данската полиција.

Но, Данските имиграциони служби донесоа одлука да не ги земаат во предвид можните пречекорувања на дозволен престој на привремените визи доколку истите се последица на неможност на излез од Данска, како на пример откажани летови.

Данските имиграциски служби можат да се контактираат преку следниот линк: www.nyidanmark.dk или на https://www.nyidanmark.dk.

Во врска со дозволите за престој за кои е одговорна Данската имиграциона служба погледнете ја следната веб страна: www.nyidanmark.dk.

За продолжување на работни и други дозволи под ингеренција на Данската агенција за меѓународно регрутирање и интеграција, посетете ја следната веб страна: nyidanmark.dk.

ЕСТОНИЈА

Странци чиј престој во Естонија (безвизен или базиран на виза) завршува за време на ситуацијата на вонредната состојба во Естонија и кои немаат можност да се вратат во нивната земја на живеење, ќе имаат правна основа за престој во Естонија без да поднесат барање за продолжување на престојот;

Сите странци кои имаат законска основа за престој во Естонија заклучно со 12 март 2020г, ќе продолжат да ја имаат својата правна основа до 10 дена по завршувањето на вонредната состојба во Естонија (10 дена после 1 мај 2020г).

ИНДИЈА

Обичната виза, електронската виза како и престојот на сите странци кој истекол или ќе истече во периодот помеѓу  13.03.2020 (полноќ) до 15.04.2020 (полноќ), ќе биде продолжен на “Гратис” основа преку онлајн апликација на странецот во соодветната FRP/FRO канцеларија. Излезот за странските државјани, доколку истиот се бара во дадениот период, ќе биде  дозволен без никакви казнени мерки или пенали за пречекорен на престој.

ИРСКА

Новите COVID-19 мерки од Министерството за правда на Ирска се однесуваат на сите лица кои имаат валидна дозвола за престој (дозвола за имиграција и дозвола за меѓународна заштита) која истекува во периодот  меѓу 20.03.2020 и 20.05.2020, без оглед дали е издадена согласно домашните закони или овластувања на Министерот, или Директивата 2004/38 / ЕЗ (Директива за слободно движење).

Имено, за сите лица чии дозволи за престој, истекуваат во наведениот период, донесена е одлука автоматски да се продолжат за два месеци. Обновувањето на дозволите е на иста основа како и постоечките дозволи  и се применуваат истите услови.

Во врска со лицата кои имаат дозволи согласно Директивата за слободно движење, автоматската обнова е условена со исполнување на условите од Директивата. Со истата оваа мерка се опфатени и лицата кои имаат дозволи за кус престој (на пример дозволи/виза за туризам) при што автоматски се продолжува рокот на важење за два месеци доколку рокот на дозволата/визата истекува меѓу периодот 20.03.2020 и 20.05.2020.

Дополнителни информации се достапни на следниот документ издаден од страна на Министерството за правда и еднаквост на Ирска: www.inis.gov.ie.

ИЗРАЕЛ

Во врска со прашањето за регулирање на престојот на нашите граѓани затекнати во Израел , лицата  кои се затекнати во државата Израел а поради настанатите околности со пандемијата корона вирус и неможноста за слободно движење поради изречените мерки за борба против корона вирусот, треба да се обратат телефонски до Министерството за Внатрешни Работи на државата Израел – имиграциониот дел.

Обраќањето треба да биде исклучиво  по телефон поради забраната за движење .Инаку за сите други визи кои истекнуваат во март 2020 тие автоматски им се продолжуваат до 30.06.2020 и немаат потреба да одат во официјалните институции за продолжување на истите.

КАЗАХСТАН

Казахстан известува дека е донесена одлука за продолжување на визите и дозволите за работа на странските државјани кои живеат во Казахстан до 20 април 2020 година. Тоа значи дека Агенцијата за миграција, која работи во  рамките на Министерството за внатрешни работи  е одговорна да го евидентира секое лице и спроведе процесот, кој подразбира ставање на визата до истекот на зададеното време, без повторна апликација.

Времетраењето на престојот на другите странски државјани кои влегоа на територијата на Казахстан според постојните регулативи за безвизен режим за 57 земји, ќе се продолжи за 30 дена.

КАТАР

Неофицијално и во моментов се продолжуваат визите за еден месец.

КАНАДА

Лицата кои привремено престојуваат во Канада и кои имаат потреба да го продолжат својот престој, можат да аплицираат он-лајн за продолжување на нивниот статус. На лицата кои поднеле барање за продолжување на нивниот статус им е дозволено да останат во Канада се додека не биде донесена одлука во поглед на нивното ново барање и дури доколку законскиоит престој измине додека сеуште чекаат одговор по однос на нивното барање.

Лицата кои ќе поднесат барање за продолжување на законскиот престој, во оваа ситуација не треба да патуваат на ГП на влез во Канада (port of entry – POA) како досега (обично тоа беше на некој ГП на границата со САД). Барањата направени на ГП ќе бидат одбивани, бидејќи таквите патувања ќе се сматаат за „не-есенцијални“. Барањата ќе треба да се прават електронски: www.canada.ca.

КОСОВО

Министерството за внатрешни работи на Република Косово има донесено Одлука каде информираат за следното: сите странски државјани кои имаат регулиран престој во Р.Косово, но им е истечен или истекува валидноста на истата и не се во можноста да ја продолжат, поради настанатата ситуација со корона вирусот COVID 19,им се продолжува рокот на важност до истекот на оваа одлука.

ЛАТВИЈА

Според одлуката со бр. 103 на Кабинетите на Министри на Република Латвија од 12 март 2020 година, странците кои биле со легален престој во Латвија до 13 март, а чиј легален престој истекол на 13 март, можат да останат во Латвија за време на вонредната состојба, без потреба да аплицираат за нови дозволи за престој или нови визи.

ЛИТВАНИЈА

Одделот за миграција информира дека странците, чиј период на легален престој во Литванија истекол за време на декларираната состојба карантин и кои не биле во можност да заминат од Република Литванија навремено и без своја вина, нема да бидат предмет на решенија за враќање, како како ни на административна одговорност за нелегален престој.

Одделот за миграција информира дека странците, чиј период на легален престој во Литванија истекол за време на декларираната карантин и кои не биле во можност да заминат од Република Литванија навремено и без своја вина, нема да бидат предмет на решенија за враќање, како како и административна одговорност за нелегален престој.

Гореспоменатите странци, како и оние во однос на кои е донесена одлука за враќање, но периодот за доброволно заминување истече за време на карантинот, може да останат во Литванија за време на карантинот на територијата на Република Литванија.

Сепак, од нив ќе се бара да заминат по завршувањето на карантинот во Република Литванија во утврдениот период на толеранција (дополнителни информации за тоа во догледно време ќе бидат објавени на веб страната: urm.lt/en.

За да се обезбеди непречено заминување на странците по карантинот, Одделот за миграција бара лицата, чиј период на легален престој во Литванија истекол (ќе истече) за време на декларираниот карантин и кои не беа во можност (не се во можност) да заминат од Литванија навремено без никаква вина, да го известат Секторот за миграција по е-пошта [email protected].

Ве молиме, закачете ја пополнетата табела „Информации што треба да се достават заедно со нотификација дека странецот не бил во можност (не е во состојба) да замине во одредено време заради карантин“ на е-пошта. Табелата може да се симне на следниот линк: urm.lt/en.

Во делот за коментари на табелата, треба да се наведе какви активности преземени странецот за да се врати во својата земја на престој.

МАЛТА

Малта известува дека сите македонски државјани кои поседуваат биометриски пасоши се изземени од потребата од виза во времетраење до 90 дена. Во случаи кога се очекува пречекорување на периодот од 90 дена како резултат на актуелната ситуација  со COVID 19,   потребно е  да се контактира Центарот за визи при Агенцијата за идентитет на Малта (Identity Malta Agency) на следниот е-маил: [email protected]

Истото важи и за лица кои имаат шенген виза поради тоа што не поседуваат биометриски пасош.

Во случаи кога  македонските државјани имаат дозвола за престој во Малта или еквивалент што ќе истече, од нив се бара да се обратат до својот работодавец и истиот да ја контактира Единицата за иселеници при Агенцијата за идентитет Малта (Identity Malta Agency) преку е-маил на:  [email protected] 

НОРВЕШКА

Норвешка информира дека сите странци кои не се од земјите од ЕУ/ЕЕА, што значи и државјаните на Република Северна Македонија, требаат пред истекот на престојот да го пријават евентуалното пречекорување, со цел да не се соочат со проблем при излегувањето од земјата/Шенген зоната.

Притоа, Норвешкиот директорат за имиграција (UDI) на веб страната има развиено икона на која нашите државјани можат да го пријават евентуалното пречекорување на престојот над 90 дена доколку ситуацијата со пандемијата Covid 19 продолжи www.udi.no/en.

ОБЕДИНЕТО КРАЛСТВО

Во одговор на тоа какви ќе бидат правилата за нашите државјани кои се наоѓаат на територијата на Обединетото Кралство и чии визи се истечени или набргу истекуваат, а се спречени да си заминат поради за состојбите со коронавирусот, Британските Foreign Office и Home Office, информираа дека е формиран тим за одговори на имиграцииони прашања поврзани со COVID -19 за да им помогне на лицата кои се спречени да патуваат, а чии визи се истечени или набргу истекуваат.

Контакт телефон (+44(0)8006781767) и е-маил ([email protected]). Во е-маил поракaта потребно е лицата да наведат што е можно повеќе информации за нивната ситуација (име, презиме, број на пасош, број на виза, датум на раѓање, државјанство, причини заради кои не можел да го напушти ОК во предвидениот рок и сл.).

Поради Регулативата на Обединетото Кралство за заштита на личните податоци, тимот од имиграционите служби ќе може да разговара само со носителот на визата или апликантот за нивните специфични прашања.

Доколку трето лице (на пример член на семејството или спонзор) сака да зборува во име на носителот на визата, потребно е до тимот од имиграционите служби да биде доставена согласност од носителот на визата. Ова може да се направи или преку усна согласност на контакт телефонот на тимот за имиграција или преку писмена согласност на е-маил адресата.

Е- маилот со кој се дава/потврдува согласност од носителот на визата мора да биде испратен од истата е-маил адреса, која е назначена на апликацијата за виза, со цел да може на истата е-маил адреса да биде вратен одговор. Без согласност од носителот на визата, тимот за имиграциони прашања нема да може да разговара за детали со трети лица.

Сите странски државјани на кус престој во ОК затекнати во неможност да заминат поради коронавирусот, а чии визи се истечени почнувајќи од 24 јануари наваму нема да се сметаат за лица кои го пречекориле дозволениот престој со визата; нема да претрпат никакви штетни последици во иднина при нови апликации за ОК виза; и нема да бидат правно гонети за време на кризата ниту протерани од ОК, туку визите ќе им бидат продолжени до 31.05.2020.

Потребно е овие лица да пратат емаил на адреса специјално отворена од Home Office за оваа намена ([email protected]), во кој ќе известат за име, датум на раѓање, број на пасош, државјанство и зошто бараат продолжување на визата.

Продолжувањето на визата за кус престој ќе биде бесплатно и со рок до 31 мај 2020 г. Доколку состојбите бараат и подолго, пред истекување на овој рок (31 мај), повторно ќе бидат објавени нови насоки од страна на Home Office.

Странските државјани кои престојуваат на подолг престој (работа или студии), а кои треба да патуваат до матичната земја за да поднесат барање во соодветната британска амбасада или визен центар за продолжување на визата, ќе можат продолжувањето да го направат во ОК, со поднесување на истата документација и уплата на таксата како во нивните матични земји. Нивниот престој ќе се легализира тука и нема да имаат проблеми со властите.

Студентите ќе бидат ослободени од поднесување на потребните биометриски податоци за продолжување на нивните визи (поради мерките против ширење коронавирус) до 31 мај 2020.

Од петок 27 март 2020 г., сите центри за аплицирање за британски визи низ светот се затворени. Кога ќе се отворат повторно, во овој момент, не може да се предвиди.

За повеќе детали упатете се на следниот линк: gov.uk/guidance/coronavirus.

Постојано ќе се ажурира официјаланaта веб страна на Владата на Обединетото Кралство поврзана со COVID-19 каде ќе можат да се најдат најновите совети за јавното здравје во Англија, вклучувајќи и совети за патниците, како и совети за патување кои може да се најдат на веб страната на UK Foreign Office (www.gov.uk/foreign-travel-advice).

ОБЕДИНЕТИ АРАПСКИ ЕМИРАТИ

Властите на ОАЕ преку социјаните медиуми даваат информации дека ќе ги продолжат истечените визи на сите странци кои живеат и престојуваат во ОАЕ. ДКП Абу Даби сеуште нема добиено официјален допис од нив.

ДКП Абу Даби се обрати до нашите граѓани кои се засегнати од овој проблем и по добивањето на нивните податоци се обрати до МНР на ОАЕ во која замоли пред надлежните власти да се продолжат визите на наште граѓани кои престојуваат и работат во ОАЕ без да се наплатат било какви пенали или казни.

Подготвени се и поединечни писма со податоци од наши граѓани кои можат да ги презентираат пред належните органи во ОАЕ и во кое бараме продолжување на визите имајќи ја предвид целокупната состојба со Ковид -19.

РОМАНИЈА

Романија е/ќе биде флексибилна доколку македонските државјани го пречекорат престојот во земјата како последица на декларираната вонредна состојба во Романија поради пандемијата Ковид 19. Затекнатите лица на романска територија нема да бидат казнено евидентирани се додека трае вонредната состојба.

Секој наш граѓанин кој го пречекорил престојот во Романија ќе треба да се јави во инспекторатот и да пополни електронски формулар, со што ќе му биде продолжен престојот без казнена евиденција се додека трае вонредната состојба од 30 дена.

РУСИЈА

Согласно решението на Министерството за внатрешни работи на Руската Федерација, сите странски државјани (вклучително и нашите), своите визи за привремен престој, работни визи, и слично, чија важност престанала непосредно пред прогласувањето на пандемијата на Covid-19 или ќе истече во наредниот период, можат да ги продолжат со поднесување на образложено барање до канцеларијата за миграција во местото на нивниот престој. Визите се продолжуваат за 90 дена.

Исто така, за оние странски државјани кои работат како сезонски работници, дадена е можност да аплицираат за нов работен ангажман без да ја напуштат територијата на РФ.

СОЕДИНЕТИ АМЕРИКАНСКИ ДРЖАВИ

Македонските државјани чии визи се истечени или наскоро истекуваат, а не се во можност да ја напуштат територијата на САД поради состојбите со COVID 19 пандемијата и затворањето на аеродромите и другите гранични премини, треба да го регулираат својот статус преку електронска достава на апликацијата I-539 (Application to Extend/Change Nonimmigrant Status) до USCIS.

СЛОВАЧКА

Словачка информира дека државјани на трети земји за кои е потребна виза и се наоѓаат на територијата на Словачка врз основа на Шенген виза со времетраење на дозвола за престој до 90 дена, ќе можат да аплицираат за продолжување на визата врз основа на хуманитарни причини.

Државјани на трети земји можат да аплицираат за продолжување на Шенген визите лично во локалните Оддели за надворешна полиција врз основа на местото на нивниот регистриран престој во Словачка.  Времетраењето на дозволениот престој не смее да пречекори 90 дена вкупно.

Доколку државјани на трети земји во Словачка веќе го искористиле правото на престој со Шенген виза или дозволен престој без виза, тие мора да се обратат до соодветниот Оддел за надворешна полиција.

Полицијата ќе издаде административна одлука за протерување без да се наметне мерка за забрана на повторен влез. Административната одлука за протерување ќе дозволи 30-дневен период во кој државјани на трети земји се обврзани да ја напуштат Словачка.

Доколку државјаните на трети земји се уште не можат да заминат во овој период поради постоечки ризици во земјата од каде доаѓаат, во смисла на потенцијален ризик за јавното здравје, можат да аплицираат за продолжување на престојот во соодветниот Оддел за надворешна полиција согласно Акт Бр. 404/2011 кој се однесува на престој на странци. Апликацијата мора да биде поднесена не подоцна од последниот ден од првичниот 30-дневен период.

Рокот за напуштање на државата може да биде продолжен на 6 месеци или повеќе, земајќи ја во предвид  ситуацијата во земјата на потекло и ставот на Властите за Јавно здравје на Словачка.

СЛОВЕНИЈА

Странските државјани, затекнати на територија на Словенија, на кои им истекува/ќе им истече работната дозвола, дозволата за престој или рокот од 90 дена во рамки на 180 дена, ќе се смета дека легално престојуваат на територија на Словенија заради исклучителната ситуација, поврзана со затворени граници, неработење на управните служби итн.

На нашето барање дополнителна информација како ќе се операционализира мерката за дозволен престој надвор од роковите, беше одговорено дека нема да има казнување (црн печат или сл.), а откако ќе се смири и нормализира ситуацијата,  дека ќе биде јавно обзнането дека правилата се во сила.

Во однос на истекувањето на важноста на личните документи, на истите им се продолжува важноста, врз основа на донесениот Закон за привремени мерки во судските, управните и други јавно-правни работи заради спречување на ширење на заразната болест КОВИД-19.

Роковите во управните работи не течат, освен во случаи кога постои опасност по животот и здравјето на луѓето, јавниот ред и мирот, јавната безбедност, имот од поголема вредност ако егзистенцијата на странката зависи од одлуката во случајот, ако остварувањето на други права зависи од решението.

Словенија информира за усвоени мерки за продолжување на валидноста на сите словенечки возачки дозволи, вклучително и осигурувањето на моторни возила и сертификати за АДР за превоз на опасни материи, до 18 мај 2020, кои инаку истекуваат помеѓу 17 март и 16 април 2020 година. Преземените мерки се усвоени со цел ограничување на ширењето на Ковид 19.

СРБИЈА

Србија известува дека странските државјани кои на денот на стапување на одлуката за вонредна состојба законски престојувале во Србија, можат да останат во Србија додека трае вонредната состојба, без обврска за покренување постапка за утврдување на нивниот статус.

Одлука линк: www.pravno-informacioni-sistem.rs.

Покрај тоа, информираат дека на сите државјани на Србија на кои им истекува или истекол рокот на важност на личните документи, ќе се сметаат за важечки се’ додека е на сила одлуката за воведување вонредна состојба.

Одлука линк: http://www.pravno-informacioni-sistem.rs.

ТУРЦИЈА

Доколку на странските државјани како резултат на воведените привремени  двострани или еднострани суспензии  на авионските летови од поголем број на авионски компании поради појавата на новиот коронавирус COVID-19  им бидат откажани летовите и со тоа се предизвикало надминување на времетраењето на нивните визи или времетраењето на нивниот престој заради виша сила, во такви случаи е потребно преку нивните дипломатски мисии да го известат МНР на РТ со имињата, бројот на пасоши и местото на излез за да може да се направи соодветна евалуација, а со цел таа категорија на странски државјани при излезот од РТ да не бидат казнети за пречекорувањето на дозволениот рок на престој.

Во согласност со наведениот став, сите државјани на РСМ кои се во категоријата на лица кои го пречекориле времето на нивниот престој, потребно е да се јавуваат во Амбасадата на РСМ во Анкара и ГК на РСМ во Истанбул и да ги остават потребните податоци за потоа истите да бидат доставувани до МНР на РТ.

УНГАРИЈА

Согласно член 30, став 1 (ц) од унгарскиот Закон за влез и престој во државата на државјани на трети земји од 2007г, на лице, државјанин на трета земја (вклучително од Република Северна Македонија-н.з.) треба да му се обезбеди дозвола за привремен престој доколку престојува на територијата на Унгарија повеќе од законски дозволеното, доколку е попречен да ја напушти Унгарија поради хуманитарни причини, како и поради причина која се појавила не по негова вина или е неотстранлива или е во врска со вработување.

Ваквата дозвола за привремен престој се издава на три (3) месеци, која може да се продолжи најмногу за три (3) месеци. Државјаните од трети земји (вклучително од Република Северна Македонија-н.з.) кои законски престојуваат во Унгарија можат да го регулираат својот престој во канцелариите на Регионалната дирекција на Регионот Пешта во работно време, а по работно време во Централната дежурна канцеларија на Главната државна дирекција на полицијата за странци (Budapest, XI, Budafoki ut 60).

МНРТ на Унгарија дополнително извести декадржавјаните на трети земји (вклучително Република Северна Македонија-н.з.) кои имаат виза за краток престој и кои поради постоењето на опасната ситуација (COVID -19) не можат да ја напуштат Шенген зоната во рокот додека им важат визите, за продолжување на истите и за регулирање на законскиот престој можат да се обратат до Главната државна дирекција на полицијата  за странци и Регионалната дирекција на Регионот Пешта, во канцелариите за услуги на клиенти.

Притоа, МНРТ на Унгарија посочи дека согласно информацијата од Главната државна дирекција на полицијата  за странци, моментално тоа можат да го направат единствено онлајн на нивната веб страна, преку соодветниот линк на менито, во делот на услуги на клиенти.

ФИНСКА

Поединци кои не се во можност да ја напуштат Финска (на пример, откажани летови) можат, по поднесувањето на апликација, да добијат продолжување на визата, под услов вкупната должина на престојот во Шенгенскиот регион не надмине 90 дена.

Ако престојот во Финска надмине 90 дена, мора да се поднесе барање за дозвола за посетител. Пријавата за продолжување во Финска треба да се поднесе пред истекот на тековниот дозволен престој.

ФРАНЦИЈА

Франција известува дека лицата што се влезени во државата како туристи, ќе може (од оправдани причини) да го продолжат својот престој во Префектурите на местото каде што се наоѓаат.

Покрај тоа, Франција информира дека на носителите на Документ за привремен престој (Titre de séjour) по автоматизам се продолжува важноста на  документот за 3 месеци, доколку важноста му истекува по 16 март 2020.  Ова се однесува на следниве видови документи за привремен престој:

Визи за долг престој; Документ за привремен престој (Titre de séjour); Привременa дозволa за престој (Аutorisation provisoires de séjour); Потврдa за барање азил (Аttestation de demande d’asile) и Потврдa за поднесено барање за Документ за привремен престој (Récépissés de demande de titre de séjour).

Министерството им препорачува на сите носители на горенаведените документи, ДА НЕ ПАТУВААТ НАДВОР ОД ФРАНЦИЈА, бидејќи продолжувањето на рокот на овие документи важи единствено на територијата на земјата.

За  странските државјани за кои не е потребна Шенген виза ( меѓу кои и државјаните на Северна Македонија) и чие што времетраење на максимално дозволениот престој во Шенген зоната е надминато или набрзо ќе биде надминато, во случај на оправдана неопходност, треба да се обратат до Префектурата на местото во кое престојуваат која ќе може да им издаде Привремена дозвола за престој.

ХРВАТСКА

Амбасадата се обрати со барање за разбирање и флексибилноси и доби позитивен одговор во однос на пристапот кон ова прашање.

ХОЛАНДИЈА

Постигнат e договор со Министерството за правда и безбедност на К.Холандија, настаната ситуација да се има во предвид и да се има позитивен пристап кон истото, со тоа што затекнатите државјани од трети земји треба да се пријават во Службата за имиграција и натурализација (IND) и доколку е потребно, да аплицираат за виза.

Холандија известува дека корона вирусот Ковид 19 може да влијае врз државјани на трети земји кои остануваат во други земји врз основа на визи или дозволи за престој или пак ги пречекоруваат периодот на дозволен престој, а не се во состојба да заминат пред истекувањето на периодот во кој им е дозволено да останат.

Холандија информира дека ќе има флексибилност кон лицата на кои им е потребно да останат подолго во Холандија поради Ковид 19. Исто така, Холандија ќе биде флексибилна кон оние кои ќе останат во земјата подолго од периодот кој им е дозволен поради Ковид 19.

Холандија ќе дозволи привремен продолжен престој за странски државјани на кои дозволата им истекува. Ќе можат да побараат продолжување на телефонот на Immigration and Naturalization Service (IND, tel. 088-04.304.30). Ќе треба да го имаат бројот на визата за време на повикот. Продолжувањето ќе биде валидно само за територијата на Холандија и ќе биде регистрирано на Европскиот систем за виза информации – Еuropean Visa Information System (VIS).

ЧЕШКА

Странците кои легално престојувале на територијата на Чешка во моментот на прогласување на вонредната состојба (12 март н.з.), може да продолжат да престојуваат во земјата за време на траењето на вонредната состојба, без да имаат потреба од решавање на прашањето на престојот.

Во случај на престој врз основа на краткорочна виза, таа се продолжува автоматски, без да има потреба од контактирање на надлежниот орган; во случај на виза за долг престој/дозвола за престој над 90 дена, барањето за продолжување може да се достави до надлежниот орган по редовна или електронска пошта, а не непосредно во просториите на надлежниот орган“.

ШВЕДСКА

Во врска со прашањето за регулирање на престојот на нашите затекнати граѓани во Шведска, според Шведската агенција за миграција, која е одговорна агенција за овие прашања, поединци кои можат да докажат дека не се во можност да ја напуштат Шведска (на пример, откажани летови) можат, по поднесувањето на апликација, да добијат продолжување на визата, под услов вкупната должина на престојот во Шенгенскиот регион да не надмине 90 дена.

Ако престојот во Шенген надмине 90 дена, мора да се поднесе барање за дозвола за посетител. Пријавата за продолжување на престојот во Шведска треба да се поднесе пред истекот на тековниот дозволен престој.

ШПАНИЈА

Во согласност со Кралскиот Декрет 463/2020 од 14 март, истекувањето на роковите се суспендира и затоа сите странци кои ќе го пречекорат дозволениот период за престој во Шпанија нема да бидат погодени или санкционирани.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата в среда ќе ја одреди сумата што ќе се потроши за референдумската кампања

Редакција

Засега нема укинување на ковид сертификатите

Редакција

Две лица загинаа во сообраќајна несреќа на излезот од Битола кон Прилеп

Редакција