еМагазин
Image default
Македонија

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по болниците во Скопје

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани нови 31 пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 303 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Според извештајот на Министерството за здравство, во последното деноноќие, на интерните клиники имало осум приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 15 нови приеми на пациенти и 8 на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле не биле примени пациенти. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 34 оздравени пациенти.

-Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 27 пациенти, на Клиниката за неврологија 35 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 51 пациент со симтоми на корона вирусот.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 81 болен, а на Клиниката за инфективни болести лежат 90 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 16 пациенти.

На ГАК има 3 хоспитализирани ковид позитивни пациентки, соопштија од Министерството.

Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Според Министерството, бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 50 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Отворена е и модуларната болница во склоп на Инфективната клиника со дополнителен број кревети.

-Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка, се наведува во соопштението на Министерството за здравство.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Што пишува во биографијата на Сашо Тасевски, новиот директор на БЈБ

Редакција

(ВИДЕО) На скопскиот аеродром запленета хемиска материја за производство на амфетамин вредна над 50 милиони евра

Редакција

8.429 нови за 24 часа: Досега се самопопишале 130.009 во дијаспората

Редакција