Министерство за здравство информира дека на Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 10 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 78 пациенти. На кислородна поддршка се 43 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
„Во болницата во Козле хоспитализирани се 4 деца и 4 мајки позитивни на Kовид-19, 5 деца и 5 мајки суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 2, а вкупно хоспитализирани се 31 пациент. На респираторна машина е 1 пациент.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 22, а во болницата во Штип се хоспитализирани 43 пациенти.
На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 160, позитивни и сомнителни на Kовид-19,“ се вели во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Починаа нови шест пациенти од Ковид-19, вкупната бројка е 689
Нови 140 заразени со Ковид-19 од 1.397 тестирања, најмногу во Скопје и Куманово
Убава вест: Оздравени 60 заразени од Ковид-19, најмногу од Скопје
Фото: МЗ